PR e напредно поле кое константно се менува во согласност со динамиката и промените во бизнисот и технологијата. Многу стандардни оперативни практики кои порано биле неопходни да се завршат, сега стануваат навики од кои вработените во PR мораат да се откажат поради нивната неефективност .
1. Погрешен пристап кон репортерите. Постојат многу начини на кои индивидуалните репортери сакат да бидат контактирани. Паметен PR пристап е воспоставување на континуирана работна врска со репортерите, подобро запознавање на нивните работни и комуникациски стилови. Дознајте дали сакаат да бидат контактирани по пат на телефонски повик (што кај поголемиот дел е и пракса) или пак сакаат да бидат контактирани по пат на мејл, Twitter или Facebook (што е ретка практика).
2. Го запоставуваат сопствениот PR. Многу често професионалците од оваа област го запоставуваат сопствениот PR. Добар чекор кон споделување на сопствените искуства и достигнувања е присутноста на Интернет, бидете активни со блогирње, зголемете ја видливоста на социјалните медиуми, пофалете се со своите бизнис награди… Паметно во оваа стратегија е да ги земете предностите на промоцијата за угледот на компанијата низ бројни активности кои воедно ги правите секојдневно со својот тим.
3. Нудат премногу решенија . PR професионалците најдобро знаат да понудат многу одлични препораки и решенија и да покажат зошто нивните решенија добро би функционирале.
Една единствена, одлична идеја, добро развиена и артикулирана може да биде поефективна од цела испишана табла со решенија во склоп на проблематиката.
4.Преголема зависност од медиумски соопштенија.
Кога бил последниот пат кога сте имале вест која Ви гарантирала голем медиумски прес?
Прилагодувањето на новостите кон одредени медиуми може да ви помогне да станете поефективни, бидете кратки и кажете ја вашата главна цел, големите новости чувајте ги како Ас во својот ракав за медиумски прес.
5. Ги игнорираат податоците. Како никогаш досега PR тимовите немале пристап до видот и бројот на податоци до кој имаме пристап денес, но не секој PR тим достапноста на информациите ја користи во своја полза со цел комплетен потенцијал. Правењето на анализа на повеќе индикатори како бројот на посети на веб страната на некој бренд на пример треба да послужат како параметри за правење на паметни одлуки. Сите добри информации кои може да се добијат треба да се искористат ефикасно во планирањето на една кампања, во незиното финансирање и во креирањето на извештаите од постигнатите резултати.
Автор: Marijane Funess
Извор: Crenshaw Communications Blog.