Неколку совети од маркетинг професионалците кои работат во IBM, Hawaiian Airlines, и Brooks Brothers.
Верувањето дека претприемачите не можат да бидат добри во маркетинг како момците од маркетинг секторите и агенциите е само мит сам по себе. Иако можеби го немате буџетот на гигантите IBM или Brooks Brothers, можете лесно да ги примените советите на овие компании во рамките на вашите маркетинг стратегии.
Ослободете се од правилата и конвенционалното размислување и откријте нови начини на кои можете да ја прераскажете приказната на вашиот бренд.
Погледнете кои се 5 те митови за маркетингот кои е потребно да ги заборавите :
- Социјалните медиуми се лесни
Секако дека постои поголема ‘’филозофија’’ зад социјалните медиуми отколку прикачувањето на истата генеричка содржина на повеќе платформи.
George Faulkner, одговорен за социјални и маркетинг комуникации во IBM смета дека социјалните медиуми се тешки и комплексни: ‘’често обидите за активност на социјалните медиуми изгледаат како беспомошно мафтање во воздух со рацете од страна на брендовите со цел истите да бидат забележани – во форма на една желба за внимание. Брендовите треба да се претставуваат себе и да се вклучени во значајни интеракции.”
На пример, IBM лансираше 360 видео серии кои вклучуваа вработени на своите работни места вклучувајќи се во компаниската глобална заедница, што се покажа како одличен потег. Во еден од првите филмови, Gabriel Rosa еден од девелоперите во IMB со својот скејтборд го преминува мостот Williamsburg од Бруклин, Њујорк, се до Менхетен.
Често брендовите предизвикуваат само зуење и врева. Кога Faulkner се приклучува на компаниската страница, тој има за цел да креира конеции.
- Маркетингот кој промовира кауза не е ефктивен
Patagonia најави дека 100% од продажбата од Black Friday ќе ја донира директно на непрофитни организации кои се борат за заштита на животната средина.
Како резултат на најавата,компанијата оствари продажба од 10 милиони долари, рекордна до сега. Податоците ги произнесе Scott Carrington, менаџер за дигитален и социјалне маркетинг во Patagonia. Оваа продажба резултира со 5 пати поголеми приходи од претходните Black Friday распродажби.
- С ѐ се врти околу компанијата
Michael Fitzsimmons, потпретседател за маркетинг на WeWork користи приказни за своите потрошувачи со цел да му даде ново значење на својот бренд.
WeWork дизајнира различни прилагодливи решенија за канцелариски простори каде нагласокот на прилагодливоста на истите е она што ги разликува од останатите. Компаниското мото е следното: ” да креираме свет каде луѓето ќе направат живот е не живеачка.” И самотомото укажува на компанискиот стил на работа.
Наместо да се фалат со своите дизајнерски вештини, WeWork го освојуваат вниманието со крајното воодушевување на корисниците од финалниот производ.
- Вие одлучувате за што се залага вашиот бренд
John Erickson, потпретседател за брендирани содржини, социјални медиуми и комуникации во Brooks Brothers, вели, “Веќе вие не одлучувате што е вашиот бренд, потрошувачите сега ја прават таа одлука наместо вас.”
Компанијата стара повеќе од 198 години постојано го менува начинот на кој се поврзува со своите потрошувачи.Скоро го креира Red Fleece Cafe во New York City, каде потрошувачите можат да купуваат кафе и да добијат проба на облеката по мерка – искуство кое ќе допринесе тие да го доживеат брендот во целост.
“Откривме дека луѓето сакаат да го искусат брендот, а тоа ние го правиме со кафето,”изјави Erickson. “Идеата се роди од интеркциите од социјалните медиуми и податоците. Активно изнаоѓаме начини на кои нашите фанови одговараат и овој стил со кафе, вистински ја исполни таа потреба.”
- Искуството на брендот не може да потрае
‘’Без разлика што и да продавате, потребно е вашиот производ да помине низ сензорно-базинари техники” – вели Asiana Ponciano, специјалист за социјални медиуми и маркетинг во Hawaiian Airlines.
Авионската компанија цели кон креирање на искуство со самиот бренд преку повеќе чувства како : глетки, звуци и вкусови на Hawaii кои патникот ги добива веднаш по симнувањето од авионот. На самото патување се служат автентични традиционални јадења, се слуша музика од укулеле со цел да се долови ново искуство што овој бренд го направи еден од најдобрите авионски компании во согласност со Skytrax World Airline наградите.
За социјалните медиуми брендот користи одлични фотографии, храна и водичи низ островото.
Со цел да се долови целосно автентичноста на патувањето со самата компанија, се користи и локалниот јазик кој ова искуство го прави ново, поинакви и незаборавно.