Не постои сомнеж дека некоја славна личност може да привлече инстант внимание на Вашата маркетинг кампања.
Славните личности можат да служат како мегафони за пренесување на вашата порака, да го пренесат вашиот бренд во нова категорија на пазар и во најдобро сценарио тие ја имаат способност да ја зголемат и свесноста за вашиот бренд.
Но, како да препознаете која славна личност е соодветна за вашиот бренд?
Одговорот на ова прашање сега е многу покомплициран од кога и да е. Денес, дефиницијата за славна личност може да се однесува на многу нешта. Таа денес вклучува лица од актери до музичари, шефови, модели, спортисти, дигитални инфлуенсери,научници итн. Брендовите имаат голем избор од кој може да бираат. И покрај големиот избор, не секоја славна личност е соодветна за да го претставува брендот.
(Сеуште) не постои апликација или одреден алгоритам со кој ќе се одреди компатибилноста на славните личности со брендовите, па затоа во меѓувреме, брендовите и агенциите потребно е да се одлучат на традиционалниот начин.
На кој начин се прави добивањето на совршениот пар ‘’славна личност – бренд ‘’ ?
Компатибилноста и почитта кои ги носат двата парнери се она каде е потребно да се бара и основата на овој тип на врска.
На кој начин можете да ја изберете соодветната славна личност за вашиот бренд? – Еве и неколку совети…
- Бидете отворени
Многу е лесно да започнете од својата омилена славна личност,но затоа пак таа славна личност може да не се идентификува со вашите клиенти. Затоа многу е битно да си го поставите следното прашање: Кој ќе се поврзе најдобро со клучните потрошувачи и која е пораката која ќе ја пренесеме до нив?’’
Одговорот на овие прашања е одличен почеток од каде треба да ги барате одговорите за овој тип на врска. Можеби и ќе бидете изненадени од она што ќе го откриете. Не се водете од тоа колку следбеници има една славна личност на социјалните медиуми затоа што тоа не секогаш ќе води до вклученост на потрошувачите. - Барајте некого со автентичен глас
Започнете од некого кој веќе има афинитет кон брендот. Денешната публика има чувство на асоцијација на брендот со славната личност- тоа е нешто кое миленијалната публика веќе го чувствува.
На пример доколку станува збор за кампања за бренд на автомобили пронајдете некој кој веќе е лојален на вашиот бренд и споделува одредени содржини кои индиректно го поврзуваат со вашиот бренд. Органската врска помеѓу талентот и брендот е добро претходно да постои. Со овој тип на соработка веќе ќе креирате уникатен пристап и ентузијазам од двете страни. - Гледајте подалеку од ‘’само убави лица’’
Изнајмете уметник за ваш креативен партнер на пример. Често брендовите изнајмуваат таленти во рамките на нивните кампањи за дел за кој тие не имаат доволно способност. Во свет каде филмските агенции и музичките куќи имаат големо влијание на уметничкото изразување, брендовите сега на талентите им пружаат ‘’бело платно’’ и слобода на експресија.
Станува збор за нова платформа која брендовите им ја овозможуваат на уметниците и може да биде во корист не само на нивната работа туку и на самиот бренд. - Поттикнете го гласот на вашиот бренд преку учество во креативниот процес
На овој начин славната личност- талентот не само што ќе добие поголемо чувство за делење на успехот на самата кампања, туку и ќе обезбеди и автентична асоцијација со вашата публика, како и обезбедување на уникатна можност да се чуе и незиниот глас и перспектива. Тоа е всушност и причината зошто често ги гледаме имињата на славните лица наименувани како креативни директори на самите кампањи: Затоа што овој пристап функционира! - Поставувајте прашања
Како да изберете соодветно лице за вашиот бренд?
Постои уникатен пристап кој ќе даде одговор за прашањата на секој бренд преку дефинирање на случај по случај.
Дали сакате да го нагласите дигиталното? Дали вие потребно лице кое ќе креира рецепти или ќе споделува совети и трикови за убавина?
Што всушност ви е потребно вам кога барате компатибилност?
Секое партнерство славна личност-бренд прераснува во врска. Како и секоја врска вам ви е потребен некој во чие друштво ќе уживате, чии вредности се согласуваат со вашите. Ништо нема да загубите доколку претходно тестирате дали се соодветни ваквите партнерски врски најпрво. Пред да започнете ваков тип на врска разговарајте со нивните агенти- тие всушност ќе ви го дадат и одговорот за компатибилност.Запомнете животот е краток, а бизнисот потребно е да биде динамичен, тој нема време за ‘’несреќни партнерства’’.