На почетокот на оваа година се појавија многу листи на тема – кои трендови во маркетингот ќе доминираат во 2017 година, а има малку текстови кои се занимаваат со трендовите кои ќе исчезнат оваа година.
Околу тоа за Mashable пишува Josh Steimle, стручњак за дигитален маркетинг, автор на книгата „Chief Marketing Officers at Work“ и извршен директор на агенцијата за дигитален маркетинг MWI, која има канцеларии во Америка и Азија.
- Твитер
Додека Twitter се бори да опстане, Facebook и Snapchat се шират и напредуваат. Уделот на Твитер помеѓу корисниците на социјалните мрежи е 27.3 %, што е пад во однос на претходниот период. Иако Jack Dorsey донесе бран на подобрување, оваа социјална мрежа стагнира веќе со години. Малите промени не беа доволни да се привлечат нови корисници. Пред година дена, Твитер требаше да биде продаден на компанијата „Salesforce“, што не се случи, затоа што оваа социјална мрежа не беше препознаена како привлечна „мета“. Компанијата Твитер укина 300 работни места, а работниот морал опадна, со оглед на тоа што уште работни места ќе бидат укинати оваа година.
Другите мрежи како што се Instagram и Pintereset бележат голем раст. Instagram дојде до дури 600 милиони корисници во 2016 година, а околу 100 милиони корисници доби во последните 6 месеци. Pintereset објави дека месечно има 150 милиони активни корисници.
- Големи банери на сајтовите
Некогаш постоеја големи банери – реклами на секој сајт, кои ви го попречуваа вниманието додека читате. Овај тренд опаѓа, бидејќи маркетерите се концентрираа на други средства како што е „native“ рекламирањето, кое покажа поголем успех. Многу корисници пристапуваат на интернет преку мобилните телефони, што исто така го намалува бројот на кликови на банерите.
- Фотографии за комерцијална употреба
Употребата на фотографии за комерцијална употреба се повеќе се намалува, бидејќи компаниите се свртија кон персонализирани слики и видео – снимки. Воопштените слики не можат да дадат автентичен идентитет и ги спречуваат корисниците да се поврзат со брендовите. Од друга страна, персонализираните фотографии добиваат се` повеќе лајкови, споделувања и кликови, што е добро и за самата садржина.
- Лажни рецензии
Како што покажаа истражувањата, во 2015 година, дури 70% од Американците ги проверувале онлајн коментерите пред да купат некој производ. Околу 88 % од купувачите веруваат дека онлајн рецензиите се автентични, како лични препораки. Како што можеше и да се очекува, тоа ја инспирира индустријата да прави лажни рецензии за оние кои се заинтересирани да им платат. Тоа исто се случуваше и со некогаш многу популарните форуми. Amazon во 2015 година почна да поднесува тужби против компаниите кои објавуваат лажни рецензии. А и потрошувачите исто така почнаа да го сфаќаат тоа.
- „Pop-up“ реклами
Во август 2016 година, Google објави дека ќе ги казнува оние сајтови кои користат „pop-up“ реклами. Дали овиие реклами имаат ефект? Имаат, но очигледно дека Google има податоци кои покажуваат дека луѓето не сакаат да посетуваат сајтови кои имаат pop up реклами за разлика од оние кои ги немаат. Затоа се одлучи на таков чекор.
Во 2017 година имајте го во предвид падот на овие трендови. Доколку планирате да вложувате во лажни рецензии или во Твитер реклами, можеби тоа и не е најпаметен потег.