Добро изгледа за еден бизнис кога продажбата се зголемува и вашите потрошувачи се среќни, а воедно и вашите вработени се комплетно вклучени и работата е во полн ек.
Во ваква позиција, потребно е да одговорите на неколку сериозни прашања:
– Дали сте спремни да го направите потребното со цел да се проширите?
– Дали го имате потребното чувство дека време е да влезете во фаза на сериозен раст?
По последното истражување спроведено од страна на Oracle/Inc. во однос на брзо-растечките приватни компании во Америка, нивниот одговор на прашањето : ‘’Која е најголемата пречка за растот на вашата компанија?’’, поголемиот број на одговори бил дека тоа е неспособноста за менаџирање на брзиот раст.
Пред да се одлучите да влезете во фазата на забрзан раст, еве со кои 5 индикатори треба да се соочите со цел да бидете подготвени за правење на таков чекор.
1.Чувствувате дека сега е вистинско време.
Имавте добра идеја, успеавте да ја претворите во бизнис, имавте одличен почеток, но овде е местото каде започнува вистинската работа.
Миграцијата од старт-ап во брзо-растечка компанија бара посветеност, пасија, справување со притисокот, анксиозност,превземање на голема одговорност и баланс со другите аспекти на приватниот живот, како семејството и здравјето.
Запрашајте се – дали е ова за вас? Доколку не можете да се замислите себе си во било што друго и сте уверени без малку сомнеж во себе дека ќе успеете, тогаш морате да го превземете следниот скок на патот кон растот на вашиот бизнис.
2.Започнувате да заработувате повеќе.Честитки!
Започнавте со својот бизнис и вашите потрошувачи започнаа да плаќаат за улугите/производите кои им ги нудите. Бидете среќни за овој успех, многу старт-апи не ја добиваат можноста да стигнат до оваа фаза.
Профитот сам по себе не го прави еден бизнис функционален. Дали вашиот бизнис модел е структуиран на тој начин што не само што можете да правите профит денес, туку и да ве одржува профитабилни?
Доколку веќе сте профитабилни и гледате пред себе рационален јасен пат до мерлив и одржлив прифит, тогаш се наоѓате на патот кон раст.
3.Составивте одличен тим кој ги има потребните способности за да управува со уште поголем бизнис.
Постојат толку многу приказни за пријатели, роднини или колеги кои започнале заеднички бизнис и кои откриле подоцна дека врските не се доволни за еден мерлив и успешен бизнис.
Дури и доколку тимовите успешно лансирале еден бизнис, може да немаат доволно вештини за да водат и да го направат успешен бизнисот на долг рок.
Растот се случува само тогаш кога сите потребни човечки елементи се наоѓаат на вистинското место. Ова значи дека станува збор за луѓе кои претходно работеле во поголем бизнис или пак ги разбираат технологиите кои се потребни за успех, со цел да го поттикнат одржливиот мерлив раст.
Погледнете во рамките на својот тим. Дали во моментот ги имате вистинските луѓе?
Дали тоа се индивидуалци кои ќе знаат да водат и ќе знаат како да ги менаџираат останатите? Дали се тоа експерти во полињата на продажбата, финансиите, маркетингот, комуникациите и логистиката? Доколку не се, дали може да се обучат за да бидат?
Доколку одговорот на овие две прашања е да, тогаш скоро и да сте подготвени за раст.
4.Имате доволно парични средства во банка.
Cash flow кризите се број еден уништувач на малите компании.
Експертите се согласуваат дека растот треба да биде предводен од способноста на бизнисот да генерира и менаџира со пари, а не само да креира профит. Кога бизнисите растат, парите мое да бидат потрошени на различни трошоци како: висока кирија, плати, трошоци за инвентар..
Доколку планирате раст, тогаш морате да располагате со многу повеќе пари од оние потребни за да ги покриете платите на вработените. Морате да имате пари кои би ги вложиле во својот бизнис.
5. Потребно е да ги регулирате процесите во рамките на компанијата.
Како што растете, потребно е да имате развиени системи и процеси на работа со чија помош ќе ги надминувате препреките во својата работа.
Погледнете во сегашните процеси:
– Дали истите се напишани на хартија?
– Дали истите се потпираат на табели во програми?
– Дали постојат неусогласености?
– Дали постојат пречки во комуникацијата?
– Дали вложивте доволен труд за да воспоставите автоматизирани и интегрирани процеси кои ќе му помогнат на вашиот бизнис?
– Дали инвестиравте во софтверско решение кое ќе ви обезбеди да ги следите финансиите, продажбата и трудот на вработените без потреба за истите да правите следливост на вашиот калкулатор?
– Дали ги имате соодветните алатки кои ќе ви овозможат следливост на информации во реално време, следливост на вашите трошоци,продажба и други неопходни метрики?
Доколку вашиот одговор е да, тогаш Вие сте на патот кон раст, експанзија и успех!