Платформата Working Not Working ја издаде својата годишна листа на компании за кои креативците би „убиле“ за да добијат постојана работа
Онјалн платформата за поврзување на креативци Working Not Working ја издаде својата четврта годишна листа на најпосакувани работодавци за кретивците, насловена Companies Creatives Would Kill to Work for Full Time, а листата уште еднаш содржи комбинација од агенции, технолошки фирми, трговци и дизајнерски куќи.
Дваесет компании се постојано на листата откако таа излезе за прв пат. Меѓу нив се агенциите 72andSunny, Barton F. Graf, Droga5, BBDO, Mother и Wieden & Kennedy. Технолошките гиганти, вклучувајќи ги Airbnb, Apple, Google, NASA и SpaceX се исто така по четврти пат на листата, како и дизајнерските фирми IDEO, Pentagram, Sagmeister & Walsh и Buck. И понатаму тука се и компаниите Disney и Pixar, брендовите Nike и Patagonia и автомобилскиот бренд Tesla.
Седум компании за прв пат се најдоа на листата: Instagram, агенцијата Chandelier Creative, компанијата за дизајн Collins, интернет трговецот Everlane, е-маил маркетинг компанијата Mailchimp, компанијата посветена на креативата и продукцијата Mediamonks и дизајнерската и анимациската компанија Oddfellows.
Пет компании не успееја по прв пат да влезат на листата: Partners & Spade и Wolff Olins не успееја да влезат во првите 50, но добија почесен статус, додека Red Bull, Project Projects и 2×4 испаднаа од листата.
Snapchat, кој минатата година за прв пат влезе на листата, не успеа да се врати во 2017 година, додека Instagram оваа година за прв пат успеа да влезе во топ 50.
Платформата Working Not Working моментално во својата мрежа има 30 000 членови. Листата на топ 50 најпосакувани компании за креативците е составена врз основа на мислењата на членовите, од кои 64% се фриленсери, а 36% постојано вработени. Прашањето било за која компанија би сакале да работите како постојано вработени и за полно работно време. Оваа година во анкетата учествувале околу 1000 членови.