25 членови на жирито започнаа со оценување на 120 проекти со кои за BalCannes лавовите конкурираа 55 агенции
Денес започна жирирањето за BalCannes, регионалната ревија на рекламини агенции, за која 55 агенции ги пријавија своите најдобри проекти, вкупно 120. Регионалното жири кое брои дури 25 членови, стручњаци кои доаѓаат од компаниите огласувачи, агенциите за пазарно комунизирање и медиумите, ќе изберат 25 најдобри проекти во регионот, а најдобрите меѓу нив ќе освојат награда – единствени BalCannes лавови.
Благодарение на овогодишниот уникатен концепт на ревијата, на BalCannes за прв пат ќе имаме прилика да ги видиме посебните избори на топ 25 проекти според мислењето на огласувачите, агенциите и медиумите, што ќе понуди интересен увид во размислувањето на секој од трите состави на жирито.
Добитниците на наградите ќе бидат прогласени на десеттиот Weekend Media Фестивал во Ровињ, на којшто во петок 22.09., со почеток во 16:45 часот во главната фестивалска сала, агенциите ќе имаат можност лично да ги претстават своите најдобри проекти пред бројните огласувачи и публиката на фестивалот.
По завршувањето на фестивалот, сите проекти ќе бидат објавени на BalCannes Yellow Pages страниците, регионалната база на агенции која на огласувачите им е достапна за прегледување во текот на целата година и служи како помош при изборот на агенција која ќе им овозможи најдобра маркетинг поддршка.
Повеќе информации на www.balcannes.com.