Текст на Лаура Хејл Броквеј, писател и уредник од САД, директор за маркетинг комуникации во Texas Medical Liability Trust, првично објавен на PRDaily.
“Вежбајте како да сте најлоши, извршувајте како да сте најдобри” – Јаспер Кантуна
И покрај тоа што сум пишувалa и уредувалa професионално повеќе од 15 години, подобрувањето на моите способности е нешто со што се’ уште се борам.
Без разлика на мојата посветеност кон уметноста на пишувањето, имам и моменти кога само гледам во бел екран, неможејќи да ги најдам вистинските зборови. Понекогаш, ќе се навратам на нешто што сум публикувал и ќе се чудам што воопшто сум мислел кога сум го пишувал тоа.
Пишувањето е процес на вежбање и усовршување.
Еве неколку начини како да ги изострите вашите вештини:
- Играјте игри со пишување.
Заедно со еден пријател играме игра наречена Storymatic, која вклучува низа од карти со кои се генерираат идеи за создавање на приказна.
Со секој ‘круг’, играчите извлекуваат две карактерни карти, како ‘касап’ и ‘тајна љубов’, заедно со две предметни карти како ‘пукната гума’ и ‘тајно скривалиште’.
Целта е да се искомбинираат четирите елементи во една приказна, а играчот со најкреативната приказна победува.
Играњето игри кои вклучуваат пишување може да ви помогнат да мислите креативно и да ги проширите вашите раскажувачки способности. Како што расте потребата за добри раскажувачи во светот на маркетингот, усовршувањето на оваа вештина може да ве однесе во височините.
- Предизвикувајте се себе си да решавате проблеми.
Обожавам добар писателски предизвик. Тоа се однесува на еден час по англиски јазик во колеџ кога научив за липограми – текстови пишувани при дадено ограничување, како избегнување на одредена буква или група на букви.
Самислете дека пишувате кратка приказна без да ја користите буквата ‘е’ или зборот ‘се.’ Го предизвикува вашиот мозок да создава реченици при строги правила.
Еден пример на успешен липограм е новелата “Gadsby” од Ернест Винсент Рајт. Има повеќе од 50 000 зборови, но ниту еднаш не е вклучена буквата ‘е’.
Пишувањето со ограничувања ве тера да решавате проблеми на нови начини. Ова ќе ве помогне да можете да се придржувате кон одредени стилски ограничувања.
- Пишувајте надвор од вашата зона на удобност.
Многу ПР професионалци можат да пишуваат соопштенија за јавноста или пораки од извршниот директор на сон, но како ќе се снајдат доколку треба да напишат воведна сцена кон одредена претстава?
Тестирајте се себе си и проширете ги вашите вештини за пишување надвор од вашата зона на удобност.
Пробајте техничко пишување, фантастика, сценарио, стрип – се’ што до сега не сте го пишувале. Ова ќе ви помогне да унапредите вашите севкупни писателски вештини и ќе ви помогне да имате помалку крут однос кон вшата работа.
- Никогаш не престанувајте да читате.
Постои низа на комуниколози кои сметаат дека читањето е клучот кон консистентно силни вештини на пишување.
Како музичар во развој кој бара широк опсег на музика која ќе може да ја слуша и анализира, писателите читаат и анализираат и со тоа продолжуваат да се развиваат.
Писателите исто така читаат за да пронајдат инспирација. Не важно дали жанрот кој го бираме се класици, модерна фантастика, книги за готвење или обични твитови; често можеме да застраниме со нешто за да го инкорпорираме во нашето сопствено пишување.
- Предавајте за да учите.
Често ги користам можностите да им помагам на други при нивното пишување. Преку помагањето на моите деца и нивните другари со писмени задачи или домашни работи, правам мал чекор кон подобрување на сопствените вештини.
Скоро и’ помагав на една пријателка-наставник по пијано, со осмислувањето на содржината за нејзиниот веб сајт, и го прегледував есејот на еден колега за прием на постдипломски студии. Преку менторирањето на овие понеискусни пистаели, ги зацврстив сопствените вештини.
Помагањето на неискусни писатели го изоштрува вашето знаење преку осврнување на проблеми со кои можеби не сте се соочиле со години.
Демонстрацијата како вие работите со комплексни реченици или концизни описи ќе им помогне на писателите кои ги менторирате да се стекнат со доверба и да ги откријат своите сопствени гласови од внатре.
Без разлика дали само зборувате со вашите колеги или ќе се вклучите во некој локален писателски кружок, поминувањето на време си други писатели е одличен начин да рзамените приказни и идеи.
- Споделувајте ги вашите дела на социјални медиуми.
Wattpad е социјална мрежа наменета за читатели и писатели.
Таа им овозможува на корисниците да објавуваат статии, приказни и поеми. Корисниците може да коментираат на натписите или да се придужуваат на групи во рамки на мрежата за да ги дискутираат своите дела или делата објавени од другите.
Исто така постојат и многу писателски групи на LinkedIn и Twitter. Поврзувањето со други писатели онлајн е одличен начин да добиете фидбек или да добиете друга перспектива на вашите дела.