Кога станува збор за PR, експертите често знаат да посочат дека денес секој би можел да работи на својот PR. Но секако не би можеле секогаш сами без никаква помош да ја извршувате оваа многу важна функција.
Ете, можеби се случило сами да средувате по домот, да испробувате да бидете ‘’сами свои мајстори’’, но резултатот од сопствените проекти многу често завршуват, ќе се сложите, со констатацијата – најдобро е да се изнајмат професионалци. Професионалците најдобро си ја познаваат и работат својата работа.
Сепак, некои менаџери решаваат сами да ја преземат оваа функција.
Без разлика дали сте храбри или пак имате недостаток од финансии за изнајмување на агенција и професионална помош, овој ангажман може да ве доведе до ситуација да направите многу грешки.
Но, доколку се одлучивте сами да работите на својот сопствен PR, тогаш обидете се и да ги избегнете овие најчести 6 грешки:
1.Не ја разбирате вредноста на новостите
Ова исто така се нарекува и ‘’поседување на реални очекувања’’.
Во основа се работи се две исти нешта. Како што го започнувате своето патување во светот на PR-от, потребно е да сфатите дека се што имате да кажете не е доволно вредно да стане новост. Можеби верувате дека е, но најверојатно не секоја работа која сакате да ја споделите е новост. Доколку очекувате големите медиуми да ве профилираат и да ве прашуваат околу вашите новитети, и доколку барате од истите тоа да го направат, на вас ќе гледаат како аматери кои недоволно ја разбираат вредноста на вестите.
За вашата приказна да биде гледана како вест/новост во некој голем медиум, потребно е да покриете тема која опфаќа генерален интерес и е вистински уникатна и единствена, што всушност значи дека истата не треба да се однесува единствено на интересите на вашиот пазар и вашите потрошувачи. Доколку ова е случајот со вашата новост, тогаш изберете медиум кој го покрива полето на интересите на вашиот пазар а не медиумите кои покриваат новости од генерален интерес.
2.Не ги разбирате доволно приоритетите
Уредниците и медиумите постојано добиваат стотици нови стории и најави, како и понуди за интервјуа дневно. За да успеете да се истакнете помеѓу останатите не треба само да размислувате дека единствениот начин да успеете во тоа е да делувате со итност.
Тоа е голема грешка.
Итноста од ваша страна не е и итност за споделување на новоста во медиумите.
Авторите на колумни и вести имаат вистински приоритети кои треба да ги покриваат како новости за политички скандали, пожари, кризи и слично.
Не убедувајте ги новинарите со итност околу приказната која сакате да ја споделите, а во најлош случај не бидете некултурни и не го повишувајте својот тон доколку наидете на мала дефанзивност.
Користењето на нагласени болдирани фонтови или пак бои на текстот кој сакате да го нагласите во мејлот кој им го испраќате во основа може да биде преведен од страна на новинарот како ‘’не контактирај ме повторно’’.
Доколку сакате вестите со сензитивни временски рокови да бидат објавени во тие рамки, нагласете го тоа културно уште во првата реченица. На пример: ‘’Нашите нови производи ќе се појават на промотивните штандови во сите поголеми маркети низ Републиката овој петок, ве замолуваме споделете ја новоста во согласност со наведениот датум’’ и сл.
3.Правите премногу измени
‘’9/10 пати она што го пишувате нема да биде сместено до делата William Shakespeare во нечија библиотека’’. Не размислувајте премногу пати за она што го пишувате.
Не поминувајте недели во пишување на некоја новост за прес или пак за пишани медиуми. Нагласете ја својата цел и привршете со пишувањето побрзо. Доколку она што сакате да го кажете е кратко, лесно читливо и лесно разбирливо, тогаш сте ја постигнале својата цел.
Прифатете дека едноставноста е клуч за успехот.
Доколку некој уредник или пак новинар ја прифати вашата приказна, не обидувајте се премногу да ја изменувате неговата работа. Не инсистирајте на ситници и измени, дозволете им на професионалците од оваа сфера да си ја завршат својата работа и да пишуваат.
4.Премногу се насочувате на себе
Самоуките нови PR ‘’професионалци’’ често ја прават најчестата грешка да се расправаат кога не се вклучени во одредена новост.
Кога некој новинар од познато списание пишува натпис за салони за убавина на пример, и вие не сте биле вклучени во таа сторија, можеби под афект сте биле предизвикани да се обратите до тој новинар и да го запрашате или суетно да му се развикате зошто и вашиот салон за убавина не бил вклучен.
PR-от не функционира на таков начин. Сторијата веќе е напишана и ‘’бродот веќе отпловил’’, затоа не е вредно да се расправате околу нешто што веќе поминало. Затоа наместо да се расправате искористете ја можноста да ја насочите следната сторија на вашиот бренд.
Пратете е-mail до уредникот кој би наликувал на контекстот на следниот пример:’’Го прочитав одличниот натпис во вашиот весник/ блог за салоните за убавина и го споделив со своите колеги и клиенти. Доколку се навратите на тематиката во своите идни натписи, би бил среќен доколку ја имам можноста да споделам со вас кои се новитетите на овој пазар и зошто нашиот салон е различен од останатите… ’’
5.Не истражувате
Пред да пробате да направите било што во полето на PR-от, истражувајте.
Доколку не разбирате доволно какви новости медиумот покрива, и за кои теми пишува одреден новинар вие го трошите туѓото но и своето време.
Избегнувајте правење на грешки, истражувајте и добро информирајте се претходно.
6.Побарајте помош
Барањето помош е добра работа, но доколку вие работите на сопствениот PR, можете да бидете доведени до ситуација да побарате помош од погрешните луѓе или недоволно да ја разберете вредноста на добриот PR.
Доколку сте испратиле новост и не била објавена, не прашувајте зошто тоа е така и не барајте совети од новинарите каква да биде вашата најава следниот пат кога ќе го правите овој чекор.
Не е нивна работа да одговорат зошто го направиле/не го направиле тоа.
Креирањето на добра и интересна приказна која заслужува да биде објавена е ваша работа (или работа на вашиот тим за PR доколку се разбира го имате).
Кога веќе зборуваме за PR професионалци, не барајте бесплатно да ви помогнат.
Секако дека можат да ви помогнат во креирањето на подобра новост за прес, да ги контактираат личните медиумски контакти за вас, но за таа работа тие добиваат и надомест, па доколку овие услуги ги побарате од нив бесплатно тоа всушност до некаде е и непочитување на вредноста на нивната услуга. Замислете како би ви било доколку некој сака да ги добива вашите производи бесплатно?
Доколку сакате да работите на својот PR сами, вие го можете тоа.
Вложувањето на напори во работата,постојаното учење, следење на новитетите, следење на кокуренцијата и врвните професионалци како и избегнување на ваквите чести грешки во полето на работа може да ви помогнат во добивањето на медиумска покриеност на вашите новости преку кои можете да започнете да градите добра и долгорочна платформа за работа во ова поле.