Првично оваа статија е објавена на PRDaily и е напишана од Алисон Стајнберг, комуникациски експерт во ACLU со повеќе од 12-годишно искуство.
Ако сте комуникациски или маркетинг професионалец, веројатно е дека сте личност што работи со полна пареа и сака да ги надмине очекувањата……за што му е потребно многу кофеин.
Што кажува вашиот избор на кафе во однос на вашиот стил на работа?
- “Еспресо со еден шеќер“ ПР тип
Вие го сакате кафето јако колку и вашата амбиција. Имате тешкотии да започнете на сабајле (вашата најдобра работа ја правите навечер), но кога ќе ‘тргнете’ вие сте како товарен воз за кој нема црвени светла. Имате впечатливо присуство, што ви овозможува вашите идеи да бидат најгласни на состаноците. Останатите ве сметаат за водач, дури и ако вашата работна позиција не е таква. Може да ви доверуваат проекти, но понекогаш ги запоставувате деталите. Вие целите високо и добивате големи победи, поради што порзо се качувате по професионалната скала.
- “Мало црно кафе“ ПР тип
Вие станувате пред петлите и нема место за глупости во вашата работа и личен живот. Вие проверувате е-маилови пред да им се вклучат алармите на другите луѓе. Вие одите на работа пред да ви започне работното време. Вие се внесувате рано и работите паметно, но ги цените вашите вечери и сакате добро да одморите во ноќта. Вие сакате да им помагате на вашите колеги и да интервенирате кога е потребно, дури и ако работата е надвор од описот на вашето работно место.
- “Високо латте без пена“ ПР тип
Вие имате значително искуство со агенциите и со брендовите за животен стил. Вие се грижите за деталите. Луѓето се потпираат на вас додека водите настан или вршите надзор на некој комплексен план бидејќи може да ви се верува дека проектите ќе ги менаџирате добро. Вие сте оној кој помислува дека треба да се испегла чаршавот за некоја прес-конференција. Вие се осигурувате дека вашиот директор ја наместил добро кошулата. Останатите постојано сакаат да ви помагаат и да ја добијат вашата пофалба.
- “Анти-Старбакс“ тип
Вие работите за непрофитна или Б корпорација, или седите во канцеларија во некоја агенција и сонувате да работите за таква. Вие се грижите за големата слика, што ве прави вреден ресурс за брендовите. На вас може да се очекува за некоја креативна идеја и размислување надвор од кутијата. Вие сте страствени за вашата работа и тоа е ‘заразно’, но може и да ги иритирате луѓето кога вашиот ентузијазам е погрешно разбран како тврдоглавост или едностраност.
- “Кафе од тезга или од човек на улицата“ тип
Вие сакате да го притиснете snooze копчето на вашиот аларм неколку пати… можеби и повеќе од неколку пати. Вие доцните на работа понекогаш, но ви се простува бидејќи сте многу паметни и носите разумни и креативни идеи на масата. Вие сте добри во тоа да се прилагодите кон работата која ја правите, а другите, вклучувајќи ги и директорите, ја бараат од вас. Вие сте ценет член на тимот (дури и ако понекогаш заборавите да ги измиете забите на сабајле) :)
- ‘Чај, ќе ве молам’ тип
Вие знаете што правите, вие сте скромни во тоа да им покажете на луѓето колку навистина сте самоуверени. Вие сте здрави, а скромноста понекогаш може да биде погрешно препознаена како срамежливост или несамоувереност. Бидејќи сте добри во тоа што го работите, тие кои вистински ве проценуваат ве почитуваат поради вашите остроумни согледувања и беспрекорно согледување на детали.