Кога станува збор за споделување на содржина во апликациите кои се “невидливи” до другите корисници, Facebook Messenger зазема најголем дел од овој промет
Една студија за навиките на споделување на содржини на социјалните мрежи ја истакна зголемената привлечност на т.н. “dark social” апликации за размена на приватни пораки, вклучувајќи 63% од испитаниците кои моментално ги користат овие канали за размена на содржини и препораки.
GlobalWebIndex и We Are Social за потребите на извештајот, спроведоа истражување со повеќе од 3.000 возрасни интернет корисници во САД и Велика Британија, а истражувањето покажа колку е сеопфатно ова моментално отклонување од отворените социјални канали и усмени препораки, кои ги користат само 54%, односно 51% од испитаниците.
Кога ќе се погледнат најпопуларните апликации за приватна размена на пораки, Facebook Messenger зазема најголем дел, па така 82% од испитаниците споделуваат содржини преку овој канал, далеку пред следната најблиска платформа, WhatsApp, која се користи од страна на 56% од испитаниците. На другиот крај на листата се наоѓаат Instagram со 34% и Snapchat со 32%.
Андре ван Лон, директор за истражување во агенцијата We Are Social, вели: “Оваа промена во однесувањето на потрошувачите нагласува колку маркетингот сега се одвива преку социјалните медиуми, особено преку dark social каналите. Брендовите може да направат значаен маркетинг на отворените мрежи, но кога станува збор за разговорите меѓу потрошувачите за брендовите што ги сакаат, за работите кои сакаат да ги направат или да ги купат, како и за препораките од другите, сè повеќе тоа се случува во приватните апликации и преку споделување на линкови. Маркетерите ќе мора да се трудат сè повеќе да ја насочуваат и оптимизираат својата содржина, со цел АТЛ кампањите за подигање на свеста да ги спроведуваат паралелно со дигиталните содржини кои се едноставни за споделување, а потоа корисниците ќе можат слободно да ги користат и дискутираат за тоа, кога тие ќе посакаат.”
Зголемената популарност на приватните канали се должи на потребата на луѓето да се чувствуваат “слободни за да бидат тоа што се”, што е наведено од страна на 48% од испитаниците кои не се толку подготвени да споделуваат иста таква содржина на јавните платформи.