Автор: Joel Comm / Статијата е оригинално објавена на : Inc.com
Секој успешен бизнис го гради својот производ два пати. Првиот пат тоа се случува во канцеларијата, во студиото или во фабричката хала. На крајот на тој процес, компанијата ќе има нешто што луѓето ќе можат да го фатат, користат и во него да уживаат – парче софтвер, паметен систем за осветлување или нов автомобилски модел.
Но, пред призводот да биде ставен на продажба, започнува вториот дел.
Маркетерите го земаат продуктот и му даваат приказна. Тие го ставаат во контекст – во фамилија, во училиште, или канцеларија полна со ентузијастични перфекционисти. Тие покажуваат што всушност прави производот и како ќе ги подобри животите на луѓето кои ќе го употребуваат. Тие демонстрираат како производот ќе биде дел од секојдневието на потрошувачот, и со овој процес, тие внесуваат живот во самиот производ. Тој престанува да биде само предмет, туку есенцијален дел од еден животен стил.
Резултатот е разликата помеѓу чаша газирана шеќерна вода и Coca-Cola. Поради тоа iPad-овите се ‘кул’, но Android таблетите, кои ја вршат целосно истата работа, не се. Приказните кои маркетерите ги создаваат не само што ги продаваат производите, туку го менуваат и начинот на кои луѓете ги искусуваат тие производи.
Минатата година Canon Australia направи серија на фотографски експерименти, насловени како The Lab, во кои на шест различни фотографи им беше дадде еден ист портретски субјект.
На секој од фотографите им беше раскажана различна приказна за човекот –> дека е рибар, видовит човек, самосоздаден милионер, поранешен осуденик, алкохоличар кој се опоравува и лице кое спасило живот на друг.
Погледнете што се случи во следното видео:
Човекот во студиото беше истиот. Тој изгледаше исто и се однесуваше на ист начин со секој од фотографите. Тој беше како производот кој изглегува од една компанија на крај од производствениот процес.
Но, секој од фотографите направи многу поразличен портрет бидејќи слушнаа различни приказни за него. Тие се поврзаа со него на различен начин. Тие го гледаа на различен начин. Нивното искуство со него не беше дефинирано од времето кое реално го поминаа со него, туку беше создадено од приказната која им беше кажани уште пред да го запознаат.
Тоа е она што успешниот бизнис го прави. Треба да создаде добар производ, но дали производот ќе успее зависи од приказната која маркетинг тимот ќе ја конструира за него.
Првата фаза од производстото го прави производот. Но втората фаза, откако ќе биде додадена приказна, е таа што го создава искуството и го гради успехот.