Business-to-business компаниите во денешно време се соочуваат со зголемени борби во продажбата, би се рекло непознати за B2C светот. B2B компаниите не само што ги продаваат своите производи и услуги, тие продаваат репутации, врски, предлози и дополнителни производи…..па потребата да инвестираат во ПР е повеќе од очигледна за повеќето…за оние кои се двоумат, можеби ќе ги разубедиме со следниве заклучоци:
- PR-от нуди подобра вредност за разлика од рекламирањето
Односите со јавноста, кога се работат во вистинска насока, вредат за инвестирањето на секој денар. Еднократно поставување на реклама во списание може да чини колку и едномесечна (секојдневна) инвестиција во PR услуги.
PR-от за разлика од адвертајзингот претставува константно вмрежување и користење на врски, тој е насочна улица на која се споделуваат приказни и обликуваат пораки за брендот. Кога за PR-от е одговорна фирма, тимовите константно работат на генерирањето на новости и покривањето на пресот на иновативни и нови начини, не само еднократно поставување на реклами.
- PR е поефективен од рекламирањето
Во време кога на секоја улица светат по 100 билборди, мегалајти, панели…кога на интеренет скокаат реклами од сите страни а на тв добивате реклами кое се тотално не релевантни за вас….PR новостите добиваат на важност и многупати (не секогаш секако) се деференцираат како поефективна алатка од адвертајзингот. Тоа е така затоа што кога еден новинар пишува напис за компанија или кога еден уредник објавува напис од некој лидер веднаш таа новост добива поголемо значење и ја поткрепува третата страна. Огласувањето пак, не ја добива истата поддршка затоа што читателите знаат дека во одредената новост постојат нешта за чие споменување се плаќа.
- PR-от е совршен начин да се погоди целната публика
B2B компаниите продаваат на други професионалци свои производи/услуги ,значи станува збор за професионалци кои почесто се луѓе кои учат во текот на целиот живот и инвестираат во новости за своите трговски зделки. Преку споделување на успесите, експертизата и мисловното лидерство на надворешни медиуми кои ги следи целната публика, ваквиот тип на пристап ја погодува сржта на ваквиот тип на врски.
- PR креира мисловно лидерство
Доколку го имате користете го за да се истакнете повеќе. PR-от овозможува да ги искористите најдобрите ресурси од вашата компанија и истите да ги споделите со остатокот од светот. На пример доколку одговорното лице за технологија од вашата компанија е докажан експерт во своето поле за стратегии за заштита на податоци, тој е одличен ресурс кој треба да го искористите во насока на комуникација со новинарите за написи од областа на поддршка на податоци, мрежни системи, софтвер и слично.
- PR-от ги привлекува луѓето на вашиот веб сајт
Поголемиот дел од медиумските новости достапни се и онлајн и често нудат линкови до веб страни на бизнисите кои се споменуваат во нивните написи.
Доколку на пример станува збор за напис за лидерство секогаш на ваквиот тип на напис имате можност да поставите линк до вашиот веб сајт или пак на социјалните медиуми во делот за биографија на авторот да се спомене еден таков линк. Овие линкови ги поттикнуваат читателите да се упатат на вашиот веб сајт и да прочитаат повеќе за вашиот бизнис.
Затоа што читателите избираат да научат повеќе за вашата компанија преку кликнување на линкот овие читатели подолго ќе се задржат на сајтот со цел да го разгледаат страна по страна.
PR- от исто така ги потсетува останатите за постоењето на бизнисот – станува збор за таков вид на поттик кој поттикнува директен сообраќај на вашиот сајт од пребарувачите на Интернет.
- PR-от нуди можност да се натпреварувате на пазарот
Доколку сте веќе во бизнисот тогаш веруваме дека сакате и да се натпреварувате.
Односите со јавноста им овозможуваат на компаниите стратегии за да бидат компетитивни. Преку ваков тип на стратегија, вие имате можност да го поседувате најмоќниот ‘’глас’’ помеѓу вашите конкуренти и да станете ресурс кој новинарите ќе го користат кога зборуваат на теми кои го поврзуваат и вашиот бизнис.
Дали оценивте колку е важен PR-от за вашата компанија?