Претераното креирање на возбуда околу нешто, баналност или потполно бесмислени зборови и реченици, нема да ви помогнат да ја испоните целта.
Кога ПР-от добро се работи, може да биде величенствен во својата способност да го промовира вашиот бренд. Но, со оглед на тоа што ова е голема, напорна и постојана работа, често се случуваат грешки и генерализации.
Вообичаена цел во добрата комуникација е де се изостави се` што не допринесува кон она што се обидуваме да го кажеме. За жал, постојат многу случаи кога формулацијата или употребата на премногу фрази го намалува значењето на она што го соопштуваме.
Erik Sherman за сајтот Inc.com, избра седум примери на фрази кои би требало да се избегнуваат.
- „Таа личност или компанија“ никогаш не била поуспешна/подобра/посилна
Тоа е празно генерализирање.
- Нема место за сомневање/ Невозможно е да се побие
Секако дека има. Тоа е само обид за докажување и тоа само на основа на сугестивно твдење во кое никој не верува.
- „Компанијата X“ е глобален лидер во …
На вистинските големи имиња не им е потребен ваков опис, освен ако немаат кредибилна конкуренција во целиот свет, што е смешно.
- Возбудени сме да споделиме со вас …
Не, не сте. Не можете да смислите нешто друго. Фокусирајте се на она што би се сметало за навистина вредно да се спомене.
- Овај производ или услуга ќе промени се`
Кога работите премногу менуваат се`, тогаш се случува во суштина, да не се менува ништо. Ако навистина постои нешто важно, тогаш тоа нека зборува за себе. Речиси ништо не е така револуционерно, за да ја промени целата индустрија или пазар.
- Нов тренд
Проверете навистина дали е нов тренд, бидејќи со тоа се нарекува речиси се` што не се појавило во последните неколку години.
- Возбуда
Соопштенијата за јавност речиси никогаш не носат ништо возбудливо. Затоа немојте да ширите лажен оптимизам или возбуда, која во суштина не постои.
Отстранете се што нема смисла во вашите реченици – празни зборови, фрази, клишеа, генарализирања.На новинарите и публиката понудете им само важни и неопходни информации. Имајте го во предвид тоа, дали е нешто“фасцинантно“и “возбудливо“, треба да проценат другите.