Не постои сомнеж дека овогодинешните претседателски избори во САД покренаа интензивни емоции на двете страни од политичкиот спектар.
Ова се неколку совети кои можевме да ги издвоиме од изборниот циклус за истите да пробате да ги аплицирате на вашиот бизнис…..или во Вашата политичка кампања :)
1.) Не дозволувајте конкуренцијата да купи домени кои вие треба да ги поседувате
Ова е практика која се случува почесто. Кога еден бизнис купува .net домен на пример и не ја купува истата верзија на .com домен или обратно отвара можност конкурентот да го купи доменот и да го употреби при насочување кон неговата веб страна или кон креирањена микросајт. Ова е честа практика која треба да ја употребуваат бизнисите и да ги набават домените на .com, .net и .org со цел да спречат истите да паднат во рацете на конкурентот и истиот да ги ребрендира во своја корист. Donald Trump ја искористи оваа стратегија против Hillary Clinton искористувајќи го недостатокот на купени домански имиња и од истите креира сајтови насочени против кампањата на Clinton (еден од примерите е примерот со ClintonKaine.com доменот кој очигледно Trump го искористи со цел да креира нејзина антикампања)
2.) Дајте им го на луѓето она што сакаат да го видат – а тоа се големи наслови!
Единственото нешто кое оваа кампања ја направи поразлична од останатите претседателски кампањи беше константниот наплив на сензационални наслови.
Од приватните е-мајлови на Clinton до мислењата на Trump за жените, постојаниот наплив на големи наслови беше она кое константно беше во нашите новости. Она што како совет од маркетинг аспект може да се извлече од ова не се само сензационалните наслови туку присутноста во печатот.
Најдобриот начин на кој можете да го направите тоа е да бидете присутни во новостите на начин на кој ќе се издвојувате со своите наслови, ова е доста корисно доколку сакате да ги искористите преку платени реклами на Google, Bing или на социјалните медиуми.
The Dollar Shave Club е фантастичен пример како се прават вирални реклами, нивната онлајн реклама стана вирална и се појави во повеќе новости затоа што беше неконвенционална и различна од останатите.
Понекогаш да се биде различен е добро затоа што кога сте различни побрзо ќе бидете забележани.
3.) Запоменете, луѓето ќе ги проверат фактите кои стојат зад вашата работа и за разлика од кандидатите тие ќе се повикуваат на вас
Доколку направите изјава онлајн потребно е да биде 100% точна. Запомнете ова е Интернет, постои цела ‘’армија на луѓе’ ’кои ќе проверуваат факти за се што имате да кажете онлајн без разлика дали тоа се однесува на вашиот бренд или неговите карактеристики. Често критиките може да ги споделуваат на форуми или пак на социјалните медиуми со цел да ве искритикуваат. Ова можете да го спречите доколку сте искрени за се што ќе кажете во врска со вашиот бизнис , производи или услуги.
4.) Потребно е да имате одличен веб сајт
Двата сајта HillaryClinton.com и DonaldjTrump.com се импресивни сајтови.
Сајтот на Trump е поедноставен за разлика од оној на Clinton кој содржи премногу податоци. Доколку погледнете на сајтот на Clinton можете да погледнете и копче “en Espanol’’, кое не само што укажува за достапноста на содржините на Шпански јазик, воедно во исто време таргетира и силна демографска група затоа што скоро 37 милиони луѓе во Америка говорат на Шпански. Trump јасно ја искажа својата гледна точка во однос на оваа национална заедница, па затоа не го превзеде овој чекор од конкурентката.
5.) Социјалните медиуми можат да бидат вашиот најголем сојузник или вашиот најголем непријател
Во свет каде еден единствен tweet може да го видат милиони луѓе или пак еден единствен Facebook пост ќе предизвика бура на реакции, потребно е да сте многу внимателни во начинот на кој ги користите социјалните медиуми затоа што тој начин може да биде употребен против вас. За да допрете до фановите кои се дел од вашата таргет група потребно е да работите на внимателна маркетинг стратегија со цел да ги добиете позитивните бенефити од истата.
Социјалните медиуми креираат заедници во рамките на самата страница и притоа користат алатки за да го задржат вниманието на фановите на страницата.
Фановите на Facebook страницата на Trump е помалку веројатно дека ја посетувале страницата на Clinton и обратно за да ги искажат своите ракции на самата социјална мрежа.
Целта на секоја фан страница без разлика дали станува збор за фан страница на Facebook, профили на Twitter, Pinterest или Instagram, целта на платформите е да ги задржат фановите на самите страници, да ги анимираат и да целат кон зголемување на базата на фанови. За да го остварите ова потребно е да им обезбедите на своите фанови содржини кои ќе го задржат нивното внимание, и ќе прикажат зошто фановите треба да ве изберат вас а не вашиот конкурент.
Во исто време предизввикувањето на емоции кај постоечките и привлекувањето на нови следбеници се овозможува со добри содржини кои ќе посочуваат на точки на интерес и потреби кои вашиотпроизвод/услуга ги решава.
6.) Имајте персонален пристап
Clinton и Trump имаа одлични e-mail кампањи. Секој од мејловите бил персонализиран . Фрекфрентноста на праќање на мејлови се движела од еден мејл неделно до неколку дневно како што се наближува денот на изборите.
Ова е многу важен совет за бизнисите. Пробајте да го персонализирате својот пристап кон овој тип на кампањи со цел да остварите врска помеѓу себе и своите клиенти. Песонализираноста на мејловите го зголемува бројот на отварања и кликови на пратената порака. Луѓето сакаат да го здогледаат своето име наместо да добијат генерализирана порака.
7.) Искористете ги сите маркетинг канали кои се достапни за да допрете до својата целна публика
Donald и Hillary одржуваа прес конференции, имаа јавни говори, користеа е-mail маркетинг, вебсајтови, социјални медиуми, платени реклами и содржински маркетинг во своите стратегии.
Овие стратегии се доволно добри за да помогнат при изборот на нов претседател, затоа би биле и доволно добри и за вашиот бизнис, но запомнете користете ги мудро и користете ги потребните за да стигнете до својот целен пазар (целна публика).
Причината зошто кампањата на Hillary Clinton има свој Pinterest пофил е затоа што Hillary сака да допре до жените гласачи, а Trum нема вакава страница затоа што насочен е кон машката публика. Кога ќе ја погледнеме пораката која ја пренесуваат двата кандидати Clinton апелира на емоции, безбедност и деца, додека пак пораката на Trump се фокусира на безбедноста, правдата и е насочена кон мажите. Со оглед на тоа што мажите не се доволно застапена демографска група на овој медиум, Trump се фокусира на Facebook и Twitter
Прегледајте ги сите социјални медиуми и идентификувајте ги своите таргети во рамките на тие медиуми. Креирањето на листа ќе ви покаже на кој медиум најмногу е застапена вашата целна публика.