Една ПР агенција е толку успешна, колку што се успешни нејзините членови.
Затоа е важно да ги вработувате оние ПР професионалци со кои ќе бидете сигурни дека вашите клиенти ќе ја добиваат најдобрата можна услуга.
Па така, како ќе најдете кандидати кои не се само добри во нивната работа, туку навистина се истакнуваат меѓу другите професионалци?
Вработувајте ги само најдобрите така што ќе ги имате во предвид овие седум совети при изборот на кандидатите:
- Инсистирајте на врвни пишувачки вештини.
Ако сакате ПР личност која веднаш ќе додаде вредност на вашата организација, ви треба некој кој има беспрекорни вештини за пишување. Дури и некој кој скоро дипломирал треба да има неколку примери на текстови кои може да ги понуди. Побарајте да ги прегледате за да имате идеја колку брзо тие можат да напишат соопштение, блог пост или кратка мисла за некој претстоечки настан.
Постојат многу работи кои можете да ги научите луѓето во ПР-от, но доброто пишување е нешто што треба да доаѓа природно.
- Барајте кандидати кои се возбудени за ПР.
Голем број на луѓе ја гледаат кариерата во ПР како секундарен избор. Тие се стремат кон масовни комуникации или новинарство со надеж дека ќе најдат работа во етер или како принт-новинар. Кога нема да им оди според планираното, тие се враќаат во ПР-от.
Тоа не значи дека некој не може да започне една кариера и потоа да открие дека има талент за ПР. Многумина го прават токму тоа. Слично, многу луѓе започнуваат медиумски кариера и потоа се одлучуваат да се префрлат во ПР.
Сепак, избегнувајте да вработите некој кој се надева на ‘голем продор’ во друга област. Вие сакате некој кој ентузијастично ќе ги претставува вашите клиенти.
- Побарајте да ја споделат својата вештина за pitching.
Да бидеме искрени, добар pitch значи се’ кога е во прашање тоа како да се предизвика вниманието на медиумите кон одреден бренд. Побарајте од кандидатите да зборуваат за pitch-овите кои ги развивале и како тие се покажале.
Исто така, не дозволувајте неуспешни pitch-ови да ве одвлечат од кандидатите.. Ако имале pitch-ови кои не испеале, прашајте ги кои биле причините поради кои тие не успеале и што од тоа научиле. Со тоа се обидувате да утврдите неколку работи: Дали знаат како да прават pitch? Дали ја имаат цврстината да се ‘вратат’ по неуспешен pitch? Дали имаат стил на работа кој одговара на вашата агенција?
- Потврдете дека имаат истражувано за вашата компанија.
Прашајте ги потенцијалните кандидати што знаат за вашата агенција и дали биле заинтерсирани за некоја од вашите кампањи.
Ова не е суетно прашање. Важно е да знаете дали кандидате се грижат доволно за да направат едно основно истражување за организацијата преку социјалните медиуми и Интернетот.
Преку поставувањето на ова прашње ќе добиете и една идеја дали тие се доволно внесени во индустријата за да ги следат најновите случувања.
- Проценете ја нивната вештина за кризни комуникации.
Би било многу добро доколку ПР агенциите треба да се занимаваат само со вниманието кое нивните клиенти го добиваат поради добри работи. За жал, дел (или повеќето) од работата на еден ПР професионалец има врска со контрола на штетата.
Ако имате кандидат кој успешно му помогнал на клиент после негативен настан, тој или таа треба да се најдат на вашата скратена листа на кандидати. ПР професионалците кои можат да ги задржат медиумите и пошироката јавноста да продолжат да поддржуваат одреден бренд после некоја катастрофа се вредни колку злато со нивната тежина.
- Видете како се справуваат со разочарувања.
ПР професионалците го слушаат зборот ‘не’ многу почесто од голем број на други професионалци.
Им се одбиваат pitch-ови, им се игнорираат соопштенија, новинарите ги одбиваат нивните понуди за интервјуа итн. Дури и клиентите лесно може да го сменат ‘бродот’ ако почувствуваат дека некоја друга агенција може да им даде подобри резултати.
Со цел да ги надминете овие разочарувања и да продолжите да барате и да помагате нови клиенти, вие мора да вработите луѓе кои се цврсти.
- Проверете го нивното присуство на социјалните медиуми.
ПР професионалците треба да бидат баш онаа група на професионалци во светот кои се целосно свесни за важноста на социјалните медиуми.
Ако вашиот кандидат има јавно присутво на некој социјален медиум, прегледајте го. Не се грижете поради интензивни или пак контроверзни ставови. Наместо тоа, вложете внимание во тоа како тој или таа се однесува или стапува во интеракција со други луѓе.
Кој следи оваа личност? Дали тој или таа се однесува љубезно и професионално? Дали тој или таа се учтиви и елоквенти кога се соочени со несогласување? Дали би биле загрижени доколку некој клиент би ги посетил профилите на оваа личност?
Процесот на регрутирањето и вработување е интензивен. Но, и скап. Поради ова, вие не сакате да го повторувате постојано. Доколку ги искористите овие седум совети кажани погоре, имате многу поголема веројатност да ја вработите најдобрата личност уште првиот пат.
Автор: Rick Riddle / PRDaily