BabyCenter при Johnson &Johnson и Mobile Marketing Center of Excellence на IAB (Interactive Advertising Bureau) извадија истражување кое навлегува во тоа како младите мајки – на возраст од 18 до 32 години – во САД, Бразил, Канада, Кина и Обединетото Кралство ги користат мобилните уреди и реагираат на адвертајзингот.
Младите мајки во четири од земјите (во САД, Обединетото Кралство, Канада и Бразил) претпочитаат реклами со поттик за заштеда на пари – како зделка или продажба – во споредба со промоции таргетирани на нивната возраст или животен стадиум. Во меѓувреме, мајките во Кина подеднакво реагирале кон двата типа на дигитални реклами.
На мајките им беа прикажани и специфични видови на креативна адвертајзинг содржина. Слики од бебиња имаат најголема веројатност да им го привлечат внимнието, по нив следуваат фамилијарни слики и слики од мајки кои држат бебиња. (Резултатите на сликата го покажуваат процентот на американски мајки кои реагирале на различни слики.)
Податоците на BabyCenter’s покажуваат и како мајките гледаат на прикриениот адвертајзинг. Дваесет проценти (20%) од мајките од USA ,ВЕРУВАЛЕ на тоа што им било пласирано како прикриен адвертајзинг а 36% од Бразилките рекле дека веруваат во спонзорираната содржина.
Ако прикриената реклама била пласирана во високовкалитетна содржина (како едукативна статија или видео) дури 76% од бразилските мајки кажале дека добиле позитивна перцепција за огласувачот. Колку за споредба, истото го рекле и 54% од американките, 50% од канаѓанките, 67% од кинескињите и 53% од мајките од UK.
Менување на навиките
Според BabyCenter, просечната млада американска мајка троши 2.8 часа на ден на смартфон или таблет. Тој број е поголем од 2.3 часа кои мајките ги трошат гледајќи телевизија.
Поради тоа што мајките се повеќе користат смартфони и таблети, просечната американска жена поминувала 1.7 часа дневно на десктоп компјутер минатата година, што е помалку од 2.1 часа во 2013.
Покрај мобилните, истражувањето се насочи и на тоа како мајчинството го менува начинот на кој потрошувачите гледаат на брендовите. Во САД, 63% од мајките го промениле својот потрошувачки критериум за намирници и храна; 52% го промениле критериумот за препарати за чистење и детергенти; и 48% го смениле продуктите за персонална нега кои ги купуваат.
Истражувањето го опфати и прашањето кои групи на мајки имаат поголема веројатност да користат смартфон додека пазарат. 81% од американските мајки се изјаснале дека пазарат со мобилен уред. Додека пак, 79% од кинеските мајки, 73% од канадските мајки, 55% од бразилските мајки и 63% од мајките во Обединетото Кралство се изјаснале исто.
Кога пазарат со смартфон во продавница, 62% од американските мајки пребаруваат и симнуваат мобилни купони, а 51% бараат подобри цени или рецепти.
Извор:AdWeek