Текст на Роџер Галагер, комуникациски специјалист со експертиза во маркетинг.
Многу од маркетерите ги игнорираат клучните трендови кои може да го револуционеризираат дигиталниот маркетинг. Еве седум дигитални маркетинг состојби и трендови кои посветените маркетери треба добро да ги размислат годинава што ни претстои.
1.Безподаточниот дигитален маркетинг повеќе нема да поминува.
Повеќето од вашите конкуренти употребуваат дата бази за да ја зацврстат позицијата на брендот и да се здобијат со влијание во светот на дигиталниот маркетинг.
Употребата на дата бази во вашиот дигитален маркетинг ќе ви помогне да профитирате на трендовите. Дата базите исто така може да им помогнат на дигиталните маркетери да го персонализираат нивниот пристап кон одредени групи, вклучувајќи ја и веројатноста да привлечат повторни посетители кои подоцна може да станат лојални клиенти.
Дата базите ќе им помогнат на маркетерите да идентификуваат кои содржини, канали или платформи даваат најдобри резултати кај нивната публика за да подобрат некоја ефективна стратегија или да ги променат оние кои заостануваат.
2. Facebook може да се покаже како помоќен и од Google
Facebook е моментално број 1 во светот на социјалните мрежи, а во последно ја зголеми и датабазата на својот пребарувачки систем, навлегувајќи во ‘лебот’ на Google.
Платформата сега има голема датабаза достапна на мобилните корисници преку “Graph Search.”
Дигиталните маркетери ќе треба да се обидат да го предвидат понатамошниот развој на Graph Search. Потрошете повеќе време и пари на подобрувањето на вашите реклами на социјалните мрежи.
3. Електронското тргување е во пораст на социјалните мрежи
Мобилната размена на производи е во пораст со развојот на Shopify на Facebook и Product and Place страните на Twitter.
Овие онлајн шопинг можности ги држат корисниците на нивните социјални мрежи како што ги вршат своите купувања. Дигиталните маркетери треба да размислуваат во насока да ги пренесат можностите за онлајн купување на нивните компании и на социјалните мрежи.
4. Префрлете се на мобилни уреди или повлечете се.
Google го изедначи нивото на игра за дигиталните маркетери во 2015 кога го ажурираше својот пребарувачки алгоритам да ги фаворизира мобилните уреди.
Оваа промена ги принуди дигиталните маркетери да ги направат дигиталните содржини на своите брендови полесни за користење на мобилни уреди. Немањето на мобилна верзија на вашиот веб сајт ќе го намали вашиот ранкинг во пребарувањето на Google, намалувајќи ја видливоста на брендот и на потенцијалните продажби.
Иако ова во значајна мера нема да влијае врз десктоп пребарувачкото рангирање на Google, преферирањето на употреба на мобилни уреди кај потршувачите значи дека преодот кон мобилна платформа е есенцијално.
5. Беспомошни сте без алатка за автоматизиран маркетинг.
Во дигиталниот маркетинг, човечкиот напор не е доволен.
Трошењето на време секој ден пред монитори, платформи, канали се’ со цел да се извршуваат висококвалитетни содржини, всушност може да го намали квалитетот на содржините.
Автоматизираниот маркетинг ќе ви овозможи однапред да го планирате распоредот на објавувањето на вашите содржини, нудејќи целосен преглед врз вашиот дигитален маркетинг процес и ќе ви дава повеќе време да се фокусирате на квалитетот на содржините отколку само на продажбите.
6. Прифатете ги исчезнувачките содржини
Snapchat им овозможува на брендовите да доставуваат “исчезнувачки содржини,” кои ќе ја поттинат љубопитноста кај публиката.
Промоции, натпревари, Behind-The-Scenes прегледи и “моментален маркетинг” кои ќе ја возбудат публиката се можности уникатни за оваа апликација. Ова може да донесе голема предност, особено во маркетинг напорите кои се насочени кон носењето на публиката во физичка продавница.
7. Отфрлете го досадниот текст и одете визуелно
Повеќето од онлајн корисниците ги прегледуваат содржините со скролање на нивните мобилни екрани.
Тоа доведе до пораст на визуелно-центрични сајтови како Instagram, Tumblr и Pinterest, што значи дека треба да ја зголемите визуелноста на текстуалните содржини на брендот.