Лидерството започнува со добра комуникација, па затоа можеме да кажеме дека одличните шефови користат пофалби на дневна основа. Без разлика дали менаџирате практиканти или пак управувате со цел еден бизнис, успехот на вашите вработени зависи од вашите лидерски вештини.
За среќа, решението за мотивација на вашиот тим и справувањето со најразлични проблеми можеби се наоѓа во начинот на комуницирате со нив. Експертите посочуваат дека се започнува од комуникацијата- таа може да биде клучен фактор за успех или неуспех во лидерството.
Ова се 8 нешта кои исклучително добрите шефови им ги кажуваат на своите вработени на дневна основа. Започнете да ги користите како совети со цел постигнување на подобар успех:
- “Ја имаш мојата целосна доверба.”
Не постои нешто помалку мотивирачка од шеф кој не верува во способностите на вработениот и се обидува да ги менаџира во секој чекор. Секој би се чувствувал загрозен доколку секој негов чекор постојано се следи. Претседателот Theodore Roosevelt кажал: “најдобриот лидер е оној кој умее да ги одбери вистинските луѓе кои ќе му ги завршат сите потребни задачи и доволно ограничен за да не им се меша додека ја работат својата работа.”
Можеби е тешко да се даде целосна слобода без ограничувања на почетокот, но доколку на својот тим му дадете можност да биде послободен во работата ќе постигнете воспоставување на посреќна и мотивирачка работна средина.
- “Ова е тоа што сакам да го постигнеме заедно…”
CEO и претседателот на Lockheed Martin – Marillyn Hewson открива дека следното е најголемиот клуч во неговата кариера: “големите лидери ги мотивираат и инспирираат луѓето во однос на тоа зошто ја вршат работата, тоа е постигнувањето на целта, а тоа е и клучот кон постигнување на нешто што е трансформирачко.’’
Она што ги издвојува исклучителните лидери од просечните шефови е способноста да го комуницираат својот план/планови и да ги поврзат секојдневните активности во ‘’големата слика’’.
- “Што можеме да подобриме следниот пат?”
Arianna Huffington сугерира дека грешките се најдобрите учители. “Мораме да прифатиме дека не секогаш ќе ги направиме најдобрите одлуки, меѓутоа доколку разбереме дека неуспехот не е секогаш спротивен од успехот ќе бидеме поуспешни од кога и да е.”
Секое живо суштество кога-тогаш греши. Грешки се случуваат, особено кога пробувате нешто ново. Доколку не ставува збор за погубна грешка, претворете ја грепката во поучно искуство.
- “Сакам да ги искористиме твоите потенцијали.”
Warren Bennis, автор за лидерство окрива дека “премногу од компаниите веруваат дека луѓето може да имаат многу улоги. Вистински надарените луѓе не би го можеле тоа. Тие поседуваат уникатен талент, таквите луѓе не можат да бидат присилени да работат во улоги кои не им одговараат ниту пак треба да им се даваат такви улоги. Ефективните лидери им овозможуваат на талентите да работат во полето во кое поседуваат најдобри способности.”
Секој член на вашиот тим има специјални вештини- затоа е добро да се прифати уникатноста на секој индивидуалец.
- “Кое е твоето мислење?”
Врвните шефови не дозволуваат егото да стои како пречка на патот на иновацијата – тие бараат совети од секој член од тимот. Прашувајте ги своите вработени што тие мислат, ова е одличен пристап да им покажете дека имате доверба во нив и дека го вреднувате нивниот труд.
- “Како подобро можам да ти излезам во пресрет?”
Одличен начин за подобрување на работата е издвојување на време за разговор со тимот. Запрашајте ги на што работат и како би можеле да им помогнете да успеат во работата.
Sheryl Sandberg, COO на Facebook, кажува, ‘’лидерството се однесува на правењето другите да се чувствуваат подобро како резултат на вашето присуство и притоа осигурувајќи се дека тој ист импакт ќе трае и во вашето отсуство.”
- “Доколку имаш прашања, слободно прашај.”
Многумина имале застрашувачки шеф од кого се плашелеи во негово присуство не се чувствувале сигурни да му се обратат за помош. Со политика на отворени врати, покажувате дека сте достапни за вашиот тим и дека се грижите за постоењето на отворена комуникација и воедно и за нивната продуктивност. Колку побргу им одговарате на прашањата, толку побргу членовите од тимот ќе се навратат на извршување на бараните задачи.
- “Одлична работа.”
Давањето на признание за нечија работа е многу полесно и по ефтино од инсталирање на маси за Ping-Pong или пак посебни ќелии за одмор, но воедно и по ефективно. Без разлика колку броен е тимот секој индивидуалец сака да се чувствува добро и да му биде покажано дека некој се грижи за неговата работа.
Па затоа издвоете неколку минути дневно за да ги пофалите вработените- вашиот тим сигурно ќе го цени овој ваш пристап.