Колку и да зборуваме дека интернетот може да биде лошо и опасно место, луѓето се однесуваат потполно поинаку и им веруваат на луѓето кои никогаш во животот не ги запознале.
Довербата треба да се заслужи, вели една поговорка која се однесува на времето во кое луѓето со својата искреност и однесување стекнале доверба кај клиентите и непознатите…но, интернетот верувале или не, успеа тоа радикално да го промени.
Истражувањето спроведено од BlaBlaCar, најголемата светска заедница за делење на превозот и Универзитетот Стерн, покажа дека всушност инернетот и новата технологија се заслужни за фасцинантни промени во довербата.
Дигиталната доверба е нов тренд кој за меѓучовечките односи направи еднаква револуција како и пронајдокот на телефонот за меѓучовечката комуникација. Имено, сега можеме за момент да дознаеме нешто што би можело да се нарече “капитал на довербата“, попрецизно, колку е одредена личност веродостојна на интернет. Речиси неверојатно, резултатите покажале дека испитаниците повеќе веруваат на поединците со исполнети профили, а со кои се запознале само онлајн отколку на соседите и пријателите, а речиси еднакво како пријателите и семејството.
На кој потполно може да им се верува:
94% – на членовите на семејството
92% – на пријателите
88% – на членовите на BlaBlaCar со исполнет профил
58% – на колегите
42% – на соседите
16% – на контактите од друштвените мрежи
Резултатите од истражувањето покажуваат дека онлајн платформите овозможуваат да се изгради меѓусебна доверба на глобално ниво на досега невиден начин. Меѓусебната поврзаност и дигиталната доверба им овозможуват на поединците на интернет да собираат “капитал на довербата“кој произлегува со комбинација на исполнување на профилот со информации за себе и оценката која ја добиваат од другите поединци со кои имале еднократна интеракција.
На кратко, денес можеме да процениме дали некој ја заслужува нашата доверба само со преглед на неговиот профил и оценката од другите корисници, без потреба да го запознаеме во живо. Тоа значи дека поединците се сега во средиштето на “мрежата на доверба“, што отвара неизмерна можност за меѓусебно поврзување и соработка по пат на интернет, на многу поголемо ниво од само интернет купувањето – луѓето кои никогаш не се запознале меѓусебно си веруваат и кога е во прашање заедничкото патување или пуштањето на некој да престојува во неговиот дом.
Што е уште поинтересно, истражувањето покажало дека довербата стекната во една заедница се прелева и на друга и има позитивен ефект на целокупната економија на споделување (sharing economy).
Речиси половина од испитаниците (48%) изјавиле дека делењето на превозот со други луѓе ги направило поотворени спрема другите луѓе. Исто така, оние кои го испробале делењето на превозот, три пати почесто користат и други платформи на економијата на споделување.
Неверојатно, нели?