PREMIA е бренд со најширок асортиман на прехранбени производи на пазарот во Србија. Ова е фактот со кој членовите на креативниот тим на агенцијата McCann Белград започнаа приказна за репозиционирање и редизајн на овај навистина посебен бренд.
“Од непобитна вистина до љубовна приказна” – вака со една реченица може да се опише нашиот пат од брифот кој што го добивме од компанијата Delhaize Serbia (Delez Srbija), преку стратегијата на која што темелно работевме до завршните елементи на кампањата” изјави Јана Савиќ Растовац, креативен директор на агенцијата McCann Белград и додава: “Размислувавме за тоа што е тоа вредно за целната група – шефовите на нашите секојдневни кујни, сите убави жени (и мажи) кои секогаш го знаат одговорот на познатото прашање: “ Што има за јадење?“. И тогаш сфативме дека за се што е вредно, PREMIA е таа која секогаш ќе има спремен одговор”.
Стратегијата за репозиционирање на брендот започна процес на промислување за иднината на лицето кое ќе биде носител на брендот. Потоа следувала работа на редизајн и поставување на креативниот концепт за кампањата. Намерата била PREMIA во секој контакт на комуницирање да постане симбол за блискост и бренд кој е близок на секојдневниот живот.
“Соработката со McCann креативната агенција беше едно многу пријатно искуство и сега со сигурност можам да тврдам дека ги исполнија нашите очекувања. Од работата со луѓето од агенцијата кои на вистински начин ја разбраа пораката која со брендот сакаме да ја пренесеме, до самата реализација на кампањата која секој ден добива нови позитивни коментари, а нас секако најдраги ни се токму оние кои доаѓаат од шефовите на нашите кујни” изјави Tanja Perović Al Hamashi, бренд директор во компанијата Delhaize Serbia (Delez Srbija).