Се поголемиот јаз помеѓу ниската доверба и високите очекувања станува правило кога се работи за бизнис и политичките лидери низ целиот свет – е заклучокот на комуникациската студија “Ketchum Leadership Communication Monitor (KLCM) 2016.”, која по петти пат ја изведе Ketchum, една од водечките светски агенции за односи со јавност.
Истражувањето е спроведено на примерок од преку три илјади испитаници во 10 земји, од кои се барале одговори кои се однесуваат на ефикасното лидерство, комуникациите и поврзаноста помеѓу тие два поими. Спрема KLCM студијата, само 23% испитаници веруваат дека лидерите се ефикасни, а уште повеќе е поразителен резултатот кој покажува дека само 13% испитаници сметаат дека лидерите ја превземаат потребната одговорност. Дури 65% испитаници од друга страна, купуваат помалку или во потполност престануваат да купуваат одредени производи заради лошото однесување на лидерите на компаниите.
Ситуацијата со политичарите е уште полоша: 63% испитаници тврдат дека политичарите не ги задоволуваат нивните очекувања, а само 7% веруваат дека политичарите превземаат одговорност за неуспех. Тоа изгледа нема да се поправи ниту во иднина: само 12% испитаници предвидуваат напредок по прашањето за примереноста и ефикасноста на политичките активности, а повеќе од половината испитаници (51%) очекуваат дека ситуацијата уште повеќе ќе се влоши. Корен на оваа длабока, глобална криза на доверба во политичките лидери е перцепцијата дека важните работи ги решаваат со погрешни постапки. Во трите подрачја кои се од најголемо значење за испитаниците (борба против корупција, национална економија и образование), постои голем јаз помеѓу важноста на проблемот и ефикасноста на политичкиот лидер во решавањето на тие проблеми.
KLCM студијата оваа година, како и изминатата, го донесува заклучокот дека жените се истакнуаат во однос на мажите кога се работи за три клучни карактеристики на лидерите – давање на личен пример, отворена и транспарентна комуникација и признавање на грешките, но поголемиот број на испитаници (61%) и понатаму веруваат дека мажите се тие кои поуспешно ќе не водат во следните пет години.
“Истражувањето на Ketchum ни донесува уште една интересна низа на податоци поврзани со комуникациските канали кои имаат најголем ефект на создавањето на перцепцијата за лидерите. Првото место (со по 56%) го делат појавувањето во јавноста, разговорите во живо, официјалните изјави и соопштенија за јавност, а потоа следат ТВ интервјуата (53%), компаниските веб страници (51%) и официјалните извештаи (43%). Последните две места ги делат огласувањето на телевизија (25%) и огласувањето во печатот (14%), додека појавата на лидерите на социјалните мрежи според оваа студија нема никакво влијание на нивната репутација. Верувам дека е само прашање на време кога ќе се покаже дека и тој сегмент има значајна улога во креирањето на перцепцијата за лидерите.”, истакна Marina Čulić Fischer, директор на ексклузивниот застапник на Ketchum во Хрватска, агенцијата DIALOG комуникации.