Најголемиот регионален собир на медиумската, маркетинг и ПР индустријата, Weekend Media Festival денеска официјално ги отвара вратите по 6 пат во преубавиот Ровињ.
Конференцијата почнувајќи од денеска па се до Недела, се очекува да ја посетат повеќе од 4000 посетители, водечки луѓе на главните медиуми, маркетинг и ПР агенции од Регионов кои ќе имаат прилика да се вклучат во програмата која ќе се оддржува во 4 хали и на повеќе панели да ги дискутираат најновите трендови во комуникациите.
Викенд Медиа Фестивал и оваа година носи врвни предавачи и панелисти од најголемите светски компании како Нестле, Гугл, Финаншел Тајмс и др.
Во склоп на фестивалот, по втор пат, ќе се оддржи и Balcannes, регионалната ревија на најдобрите маркетинг кампањи од изминатата година – на кој годинава се пријавија дури 82 проекти од 6 земји од регионов (меѓу кои и 3 проекти од Македонија).
Вовед во Balcannes ревијата ќе биде панел расправата на големите огласувачи кои ќе зборуваат за тоа како тие ја избираат агенцијата со која соработуваат, додека пак во вториот дел од денот свој панел ќе имаат и агенциите кои ќе зборуваат за тоа како ги “сервисираат“ потребите на нивните најголеми клиенти.
По прв пат, оваа година на Викенд Медија Фестивалот ќе се оддржи и доделување на регионалната интернет награда “SoMo борец“ кој ќе оддаде признание на најдобрата регионална ФБ страна, најдобриот твитер и инстаграм профил како и најдобрите мобилни апликации од регионот.
Забавата може да почне !