Македонија се наоѓа на претпоследното место по квалитетот на услуга, а полоши од нас се само во Црна Гора, покажува последното истражување на агенцијата за тајно купување Хераклеа за квалитетот на услугите во регионот.
Словенија го задржа првото место, а на второто и третото место се Хрватска и Србија, после кои следуваат Босна и Херцеговина и Македонија кои го делат четвртото место и Црна Гора која е последна.
Во истражувањето се мерат пет основни елементи на добра односно квалитетна услуга, како што се поздрав, утврдување на потребите/желбите на купувачите, познавање на производите, нудење на дополнителни производи и заблагодарување на посетата.
Ова истражување за квалитетот на услугата, Хераклеа го спроведува осми пат по ред во соработка со агенциите за тајно купување (mystery shopping) во регионот. Тајните купувачи посетија повеќе од 800 различни објекти како на пример: салони за автомобили, банки, бензиски станици, малопродажни и туристичко-угостителски објекти, супермаркети и други услужни дејности.
Во истражувањето беа мерени пет основни елементи на “добрата, односно квалитетна услуга“, како што се : поздрав, утврдување на желбата/потребата на купувачите, познавање на производите, нудење на дополнителен производ и заблагодарување на посетата.
Кога се работи за поздравите, Хрватска се наоѓа на првото место со резултат од 87 отсто, додека најлоша во нудење на дополнителни производи со резултат од 37 отсто, исто како и лани е Словенија со резултат од 60 отсто.
Словенија се наоѓа на првото место и во категориите на благодарност и нудење на дополнителни производи, додека во категоријата познавање на производите првото место го дели со Хрватска. Нашата земја се истакнала како водечка во категоријата утврдување на потребите/желбите на купувачите.