Националните химни на повеќе земји од светот беа споени во една песна за интернационално единство во новиот спот на Samsung за Олимписките игри.
Направена од Leo Burnett Chicago и Leo Burnett Sydney, новиот телевизиски и дигитален спот е нешто многу повеќе од обична промоција на новиот Samsung Galaxy S7 Edge. Во време кога светот изгледа како страшно и фрагилно место, спотот се фокусира на спојување на луѓето за еден од најголемите светски настани.
“The Anthem” започнува со едно девојче кое држи Samsung телефон и ја пее националната химна на Боцвана додека ужива во прекрасен поглед на море. Наместо да продолжи со истата химна, спотот се префрла во друга земја, друга личност и друга химна.
Со секоја нова химна, на гледачите им се прикажува и друга локација, но различна од државата чија химна се изведува. Така, химната на Малезија ја пее жена во Париз, а химната на Нов Зеланд гордо се изведува во Англија, истакнувајќи дека живееме во свет без граници.
https://www.youtube.com/watch?v=tBxMpuiBO7Q
“Кампањата ‘The Anthem’ е одраз на Samsung брендот и нашиот постојан стремеж да ги рушиме географските бариери и да го обединиме светот преку технологијата и безграничната комуникација,” изјави Јунги Ли, извршен потпретседател за глобален маркетинг и мобилни комуникации во Samsung Electronics. “Преку пеењето на една химна, фановите и спортистите низ светот може да чувствуваат една заедничка емоција на гордост и единство и заедно да го слават колективниот прогрес, што е интегрален дел од духот на Олимписките игри,” додаде тој.
Стиховите избрани од секоја од химните се прекрасно споени заедно за да искажат една моќна порака – дека светот кој е обединет е помоќен отколку светот кој е поделен.
Новата кампања на Samsung вклучува и познати светски спортисти, вклучувајќи ги и британскиот возач Том Дејли, францускиот параолимпиец Арноуд Асумани, американската атлетичарка Алисија Монтано, атлетичарката Маргарет Румат Румат Хасан од Јужен Судан, австралиската боксерка Шели Ватс и бразилскиот сурфер Габриел Медина. Спортистите ќе бидат вклучени и во други кампањи на Samsung поврзани со Игрите во Рио, како што е рекламата “The Chant” во која се појавува Румат Румат Хасан.