Оваа опција ги наврати спомените на Snapchat Stories опцијата која беше пионир на своето време за содржина која исчезнува определен период откако ќе се сподели со пријателите.
Инстаграм ја претстави својата нова опција наречена Instagram Stories, која ќе им овозможи на речиси 500-те милиони месечни корисници на оваа дигитална платформа да постираат секојдневни моменти во формат кој исчезнува после 24 часа.
“Со Instagram Stories повеќе не мора да се грижите за претерана содржина во Вашиот Instagram feed“ – вели еден од претставниците од Инстаграм, од што можеме да насетиме дека оваа опција е воведена и за да се намали бројот на слики кои корисниците ги поставуваат на своите профили. Вака тие ќе може на својот профил да ги споделуваат само најубавите моменти а секојдневните случки да ги постираат со ограничен период.
Услугата Stories е веќе достапна за iOS и Android уреди, а ќе се појавува над Instagram feed-от. Корисниците ќе може да кликнат на иконката како би ги прегледале фотографиите и видео снимките кои се поставени во последните 24 часа од страна на корисниците кои ги следат.
Видео снимките во Stories се ограничени на 10 секунди, што е отстапка од неодамнешното проширување на должината на видеата во остатокот од апликацијата (кои се на 60 секунди).