Денеска Ви презентираме неколку Instagram алатки кои ќе Ви помогнат во подоброто менаџирање на активностите на оваа популарна социјална мрежа.
Instagram од неодамна го ажурираше својот алгоритам со цел да обезбеди фотографии и видеа што публиката сака да ги види. Па, вашиот бизнис може да се адаптира на оваа политика со користење на вистинските ресурси за на крај да отскокнете чекор пред другите.
Не само што фотографиите драстично го привлекуваат вашето внимание туку и носат поголема видливост. Освен тоа, обезбедуваат контрола над публиката и ја пренесуваат посакуваната таргетирана порака до нив.
Дали и вие би сакале да го зајанете својот бренд со користење на Instagram? Искористете ги овие ресурси како предности и откријте како делуваат навашиот бизнис.
1. Раст преку моќни податоци – алатка Dash Hudson
Човекот кој го менажира Instagram профилот за Вашиот бренд мора да ги добие сите потребни податоци за публиката што го следи брендот во детали, бидејќи само така ќе дознаете што таа навистина сака. Оваа алатка обезбедува анализа која ги мери врските меѓу вашите објави, потрошувачи и инфуентери. Карактеристика на оваа алатка е тоа што нуди корисничко генерирање на содржини, опција за објавување содржини или алатка за планирање (автоматско објавување содржини во посакувано време), шопинг решенија кои ќе ја одведат публиката до вашата веб страница итн.
Овие функции ќе направат вашиот бренд да се издвои како професионален, со поголем број претплатници.
2. План за објава на содржини во посакувано време – алатка Mav2Go
Имате одлична фотографија но не знаете како да ја објавите подоцна? Сигурни сме дека ќе ја засакате оваа апликација која е лесна за користење и ќе ви заштеди време за користење на Instagram.
Mav2Go е достапна за iOS, кој помогна да се создаде, да управувате, да ги организирате во распоред сите објави на едно место. Ова е одличен начин да заштедите време и да направите вашата мобилна маркетинг кампања да стане поефикасна.
3. Додајте живот на вашите видеа и фотографии- алатка A Beautiful Mess
Уредувањето може да биде сложено особено ако се прави од мобилни уреди. Апликацијата – A Beautiful Mess, достапна за iOS и Google Play , Ви овозможува веднаш да ја прилагодите вашата содржина, и автоматски да ја споделите на Instagram, Твитер или Фејсбук. Оваа бесплатна алатка вклучува филтри, сопствени фонтови, и цртање со рака за визуелно да се издвоите од останатите.
4. Генерирање на таргетирани хаштагови – Алатка HashMe
Сте креирале совршена објава, но сега треба да додадете хаштагови за да го издвоите сопствениот бренд од другите. HashMe, кој е достапен за iOS и Google Play , ви овозможува да го додадете точниот клучен збор во секунди. Со оваа алатка го зголемувате бројот на прегледи и привлекувате повеќе корисници.