Овие денови на социјалните мрежи во Србија се шири приказната за еден нов и сосема необичен производ – ЛАВ пуканки. Луѓето со право се прашуваат како еден пивски бренд се одлучил за производство на вкусни, крцкави пуканки и притоа им го дал своето име. За тоа е заслужна маркетинг агенцијата McCann Белград.
Компанијата Carlsberg Србија наслушувајќи ги потребите на потрошувачите, одлучи да го промени рецептот за производство на ЛАВ пивото. Од неодамна, ЛАВ пивото се произведува исклучиво од 4 дарови на природата: јачмен, хмељ, вода и квасец. За разлика од него, останатите домашни меинстрим пива во себе содржат уште еден елемент – пченка, односно пченкарен гриз, што претставува поефтин начин на производство.
Значи, ЛАВ пивото престана да користи пченка. Се постави прашањето, што да се направи со вишокот пченка? Така креативците од McCann дошле до идејата да направат, не нова кампања, што би било очекуван редослед на нештата, туку потполно нов производ кој ќе комуницира нов рецепт, и воедно ќе ја едуцира публиката на тема – состојки на квалитетното пиво. Ги смислија ЛАВ пуканките!
Познатиот ЛАВ промотер Ненад Јездиќ, продолжи да го поддржува својот бренд со низа кратки видеа во кои одговара на прашањето: За што се` е добра пченката? Промоцијата на новиот производ продолжува во продавниците, во кафулињата, во кино салите, на белградскиот Пиво фест… каде што со купено ЛАВ пиво се добиваат гратис пуканки.
Купувачите реагирале позитивно, на продажните места каде што се продавале пуканки, пораснала продажбата на ЛАВ пивото, а специфичноста на новиот рецепт, ја издвои перцепцијата за ЛАВ пивото како производ со врвен квалитет и вкус.
Комуникациската цел е така решена на потполно нов и нестандарден начин – не со креирање на класична ATL кампања, туку со создавање на иновативен, креативен производ кој со самото свое постоење јасно и недвосмислено ја комуницира нашата порака: Местото на пченката не и е во ЛАВ пивото. Местото на пченката е во пуканките!
Видеото можете да го погледнете подолу:
Креативен тим: Bojan Babić, Vladimir Vuković, Lidija Milovanović, Branko Andrejević
Креативен директор: Jana Savić Rastovac
Стратешки планер: Marija Stošić
Акаунт: Đorđe Milidžan, Goran Jović