Пријавите за BalCannes и оваа година се продолжени, има време до петок 9-ти септември до полноќ. Сите агенции од Македонија и регионот кои беа загрижени дали на време ќе стигнат да ги спремат своите најдобри проекти сега може да здивнат, бидеќи имаат уште 9 дена повеќе за да ги завршат своите видео презентации.
BalCannes ревијата, која оваа година се одржува по петти пат во рамки на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ, во новото издание носи низа новости заради кои креативците ќе треба да ги засукаат ракавите и да ги прикажат своите агенции во најдобро светло! По прв пат во регионот, стручното жири составено од огласувачи ќе ги одбере најдобрите проекти и најдобрите маркетинг агенции од Хрватска, Словенија, БиХ, Србија, Македонија и Црна Гора, со што ова е одлична прилика да се докажете пред досегашните но и потенцијалните клиенти.
Покрај изборот на топ 25 проекти, ќе дознаеме кој ќе ја носи титулата најдобра агенција во регионот, најдобар проект во регионот, но и посебната награда на BalCannes. Освен жирито на огласувачи, друго жири составено од новинари кои ја пратат индустријата ќе доделат своја посебна награда од најдобри проекти според нивното мислење.
Своите проекти можете да ги пријавите уште денеска на : http://balcannes.com/prijavnica/