Доделувањето на наградите, како и претходните години ќе се случува за време на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ, кој се оддржува од 22 до 25 септември.
SoMо Борец наградата е стартувана пред четири години со едноставна идеја – да се препознаат најдобрите дигитални проекти од целиот регион. Баш затоа и жирито кое ги оценува проектите го сочинуваат дигитални стручњаци од Хрватска, Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Проектите може БЕСПЛАТНО да се пријават во една од деветте категории: SoMo Face (најдобра Facebook страница), SoMust Have (најдобар настап на останатите социјални мрежи), SoMo Content (најдобар content маркетинг проект), CM на годината (комјунити менаџер/менаџерка на годината), Вирален блокбастер (содржина која станала вирална), Digitalni Mix (најдобра кампања на повеќе дигитални канали), SoMo Tech (најдобра web/мобилна/Facebook апликација или слична употреба на технологија), Дигиталец на годината (најдобар раководител на дигитален оддел) и SoMoRitinac (дигитална кампања која допринела на некоја општествена цел)
Сите дополнителни информации можете да ги пронајдете на www.somoborac.com или на Фејсбук страната: www.facebook.com/somoborac.