South Central Ventures (Enterprise Innovation Fund – ENIF) во текот на вчерашниот ден и официјално го објави приклучувањето на нова компанија во своето портфолио.
Својата прва инвестиција на македонскиот пазар, South Central Ventures ја има во стартапот „Letz” , кој има свои канцеларии во Скопје и Амстердам. Решението кое го разви тимот на „Lеtz” е „chatbot” кој користи вештачка интелигенција за да симулира паметни разговори со корисниците со цел да им помогне да ги организираат задачите и обврските во текот на денот.
„Letz” е атрактивно решение бидејки со помош на вештачка интелигенција го адресира проблемот на продуктивност. Како „chatbot” всушност тоа е компјутерска програма која симулира интелигентни разговори со корисниците и ги мотивира да ги споделат нивните дневни задачи во пишана форма на разговор или „chat”. Некои од најголемите технолошки компании најавија дека „chatbot”-овите и разговорниот интерфејс се најголемата иновација по „iPhone”-от (Business Insider 2016). Оваа изјава е потврдена со фактот дека „Facebook” лансираше платформа за ботови за „Messenger”, „Microsoft” исто така најави изградба на сопствена платформа за ботови, а и „Slack” одвои $80 million за инвестиции во развој на ботови (The Verge 2016). Според извештај на Business Insider, апликациите за разговор преку пораки имаат поголем број на активни корисници од социјалните мрежи. Од 2015, 75% од интернет корисниците користат апликации за пораки на нивните мобилни телефони (Statista 2015). Овој тренд на раст на популарноста на апликациите за пораки се очекува да продожни и eMarketer предвидува дека до 2018, бројот на корсници на мобилни апликации за пораки ќе достигне 2 милијарди, или 80% вкупниот број на корисници на паметни телефони (Emarketer 2015).
Основачите на „Letz”, Нино Карас и Мартин Анчевски, се двајцата млади претприемачи со инженерско искуство, кои работат на развој на сопствен бизнис и градење тим од 2011. Тие се и ко-основачи на Codewell, компанија за развој на софтвер. Во 2015 тимот беше дел од холандскиот акцелератор, Rockstart Web and Mobile. Rockstart исто така ја поддржува инвестицијата во новата компанија, Letz.
“Letz нуди нова перспектива во полето на решавање на проблемите со лична продуктивност со тоа што ја поттикнува дисциплината на корисниците на суптилен и природен начин, преку разговор. Интеракцијата и суптилното присуство на Letz карактерите ќе придонесат кон целосна поддршка за корисникот да може да остане продуктивен и организиран во текот на целиот ден. Инвестицијата од South Central Ventures ќе го забрза развојот и лансирањето на финалната верзија на производот и ќе ни помогне да го маркетираме на глобалниот пазар„ – изјави Нино Карас, ко-основач, Letz
Целта на инвестицијата е да му овозможи на тимот да го доврши развојот на производот и да го пласира на светскиот пазар.
„Секогаш има доза на возбуда кога најавуваме нова инвестиција во портфолиото, но „Letz” е посебна бидејки станува збор за првата инвестција на South Central Ventures во македонски стартап. Нас веднаш ни се допадна идејата за користење на комуникациски интерфејс за да се адресира предизвикот со продуктивност со кој сите се соочуваме, не само како дел од бизнисот, туку и како дел од секојдневниот живот. Внимание ни привлече и тоа што Нино и Мартин успеале да изградат солиден, ентузијстичен тим, со многу знаење кој успеа да развие решение за продуктивност кое функционира на природен и пријателски начин за корсниците – преку разговори. Ќе работиме заедно со тимот да ги поддржиме да завземат добра позиција во бранот на популарност на „chatbots”-овите, и да го реализираат комплетниот потенцијал на „Letz”” – изјави Татјана Забасу, управувачки партнер во South Central Ventures.
Лансирањето на производот е закажно за почетокот на октомври. Доколку сакате да бидете помеѓу првите кои ќе го тестираат „Letz”, регистрирајте се на веб страницата.
Претходите инвестиции на South Central Ventures може да се погледнат на следниов ЛИНК.