Деновиве имавме прилика да проследиме една интересна конференција со несекојдневни личности како што се Деан Торпе и Ан Бети во рамките на интернационалниот фестивал Body Mind and Spirit. Деан Торпе е еден од најдобрите бизнис консултанти за продажба и корпоративни финансии во Европа додека Ан Бети е успешен претприемач од Велика Британија.
Тие за прв пат беа во Македонија и имаа прилика да ја запознаат оваа земја како и да ги споделат нивните знаења и искуства со македонските менаџери за продажба во рамки на конференцијата “Како да ја зголемите продажбата и намалите трошоците“. Конференцијата се одржа на 27.09.2013 (петок) во просториите на Македнска Опера и Балет.
Конференцијата беше главно фокусирана на личната мотивација за успех, стекнување на соодветен mindset кој што ќе ни помогне полесно да се продадеме и да ги постигнеме нашите лични и професионални цели.
Ова беше и прилика да поразговараме накратко со Деан Торпе и Ан Бети и да им поставиме некои прашања во однос на нивниот престој во Македонија и конференцијата:
Со оглед на тоа дека ова е ваш прв престој, кои се Вашите импресии од Македонија?
– Она што најмногу ни се допадна во Македонија се гостопримливоста и љубезноста на луѓето како и прекрасните пејсажи што имавме прилика да ги видиме. Дефинитивно прекрасна земја за живеење.
Имавме можност да го посетиме Скопје и она што навистина не восхити беа старата чаршија, старите цркви и споменици како и големиот споменик на Александар Македонски.
Со оглед на тоа што зборувавте за моќта и потенцијалот на секоја личност и за постигнувањето на целите, според вас што е најважно што човек мора да направи за да ги постигне своите цели ?
– Најважното нешто што секој може да го направи е да превземе позитивни акции секој ден кои што ќе го доближат поблиску до целите. Треба да се пристапува со многу елан и страст во секоја една активност, и тука резултатите сигурно нема да изостанат.
Како еден од најдокажаните практичари на новото време и ментор на стотици успешни компании имате развиено програма за зголемување на профитот и намалување на трошоците која се базира на неколку клучни компоненти, кажете ни нешто повеќе околу неа?
– Точно, главните аспекти на програмата за која сакам да продискутирам со денешните учесници на конференцијата се : Продажбата, Успехот и Намалувањето на трошоците.
Во однос на продажбата ќе имате можност да чуете за некои напредни техники за мотивација и тука мислам дека е битно да се чуе кои се 3-те главни мотиватори за стекнување нови клиенти, Како најбрзо и ефикасно да создадете напреден и мотивиран начин на размислување за поефективна продажба, како продажниот тим да ја перцепира компанијата како своја, и за успешното преговарање како ултимативна цел.
Делот за успехот зборува за фокусот на компанијата кон создавањето на Успешни вработени, зошто само успешни индивидуалци прават успешна компанија. Тука ќе чепнеме и во концептот “векторство“.
Третиот дел е Намалување на трошоците и тука вниманието главно е насочено кон контролирањето на финансиите и како најважна работа е свесноста на вработените за процесите за намалување на трошоците.
И за крај, што би им предложите на македонските претприемачи ?
– Да бидат мотивирани, да се трудат да стекнат mindset и да веруваат како во себе така и во посакуваната цел. Мотивираноста е главен предуслов за успех и премиса која ја исполнува секој профитабилен претприемач,