Нема ништо безбедно кога зборуваме за моторни пили. Тие не се алатки со кои може да си ‘’поиграте’’ од чиста забава додека пиете пиво со пријателите и се натпреварувате кој ќе исече трупци од дрвата наоколу најбрзо.
Но затоа пак во виртуелната реалност се е можно.
Инспирирани од тековниот Светски шампионат во Полска за сечење на дрва , Шведскиот бренд Husqvarna во соработка со агенцијата DigitasLBi Nordics ја промовираа својата игра со моторни пили за сите оние кои сакаат да погледнат во виртуелна реалност како би изгледале во улога на дрвосечачи. Името на оваа игра е “Limberjack.”
Промоцијата на играта се одвива паралелно со настанот.
Limberjack, која само што дебитира на HTC Vive virtual reality платформата, им овозможува на незините корисници да исечат 24 гранки од трупот на веќе исечено дрво мерејќи им го времето на сечење.
Во согласност со Peder Sandqvist, кој е на чело на VR за AR за DigitasLBi Nordics, тимот поминал долго време во креирање на играта во партнерство со најдобрите Шведски сечачи за да ја научи умешноста за сечење. Како и што напредувала самата игра, самите дрвосечачи ја тестирале со цел да ја испитаат дали е доволно реалистична или не. (и самиот Sandqvist се логирал и поминал играјќи и тестирајчи ја платформата повеќе од 400 часа .)
“Овој медиум е нов и сеуште недоволно истражуван, потребно е да работиме ,да пробуваме нови нешта, па пробаме уште еднаш и да истражуваме секој нов ден.”
Во склоп со светскиот шампионат во сечење на трупци , Digitas прикачи HTC Vive контроли на реалните моторни пили. На тој начин кога некој ќе ја фати во своите раце пилата ќе добие реално чувство за играта иако таа се одвива само виртуелно во моментот.
Од само една недела од лансирањето , само 5% од вкупниот број на корисници на платформата HTC Vive ја испробале играта. Во иднина креаторите размислуваат за аплицирање на сензорите на патики за фудбал, тениски рекети и различни предмети во склоп на креирање на виртуелна реалност со тие објекти.
Ова е само еден од многуте вакви проекти креирани од страна на Nordics Digitas. Пред неколку месеци лансираа виртуелна продавница за OnePlus, стартап за Кинеска компанија за смартфони. Компанијата креираше и многубројни проекти за Audi и Volvo, а развива и многу други во моментот.
Извор: adweek.com