TV мрежите ја имаат својата 30 секундна слава. Google го претвори пребарувањето во ‘’блокбастер’’ рекламирање на Интернет, а Facebook го освои полето на мобилното рекламирање преку рекламирање на инсталации на апликации.
Google поминува долг пат за да го достигне начинот на кој Facebook ги реализира рекламите за инсталирање на апликации. Sridhar Ramaswamy, помладиот вице-претседател на Google за комерција и реклами, најави дека рекламите за апликации досега довеле до 3 милијарди инсталирања.
Facebook регистрираше 2 милијарди инсталации во Мај, но сеуште не го објави бројот на инсталирани апликации постигнат до сега. Ramaswamy, покрај големиот успех на Google, без да го стави акцентот на бројките, тој изјави дека ‘’не е се во зголемување на бројот на инсталации, целта е постигнување на важни акции во рамките на апликациите – без разлика дали станува збор за постигнување на одредено ниво во една игра или пак комплетирање на нарачка’’.
Ова е уште една најава од страна на Google и се однесува на следната генерација на кампањи на Google под назив ‘’Google’s Universal App Campaigns’’, кои овоможуваат појава на реклами низ повеќе делови од платформата: search, Google Play store, YouTube, како и појава на повеќе од 2 милиони партнерски веб сајтови кои се дел од неговата мрежа.
Адвертајзерите можат да избираат во каков вид на активност поврзана со апликацијата ќе се рекламираат односно дали ќе рекламираат одредени зделки, напредок во нивоа во самата апликација и сл, па потоа да имаат можност да постават трошок по симнување кој сакаат да го платат за пребарувачката машина, односно пребарувачкиот алгоритам на Google со цел тој да ги таргетира бараните клиенти.
Апликацијата за пребарување на хотели Trivago, на пример го користи системот на пребарување на корисници кои ќе пребаруваат во рамките на самата апликација и ќе букираат хотелска соба , а со тоа воедно се зголемува и вредноста на клиентите за 20%.
“Ова е голема промена во начинот на кој Google ќе ви помогне да ја зголемите популарноста на апликацијата за вашиот бизнис,” Ramaswamy напиша. “Не сме повеќе фокусирани само на инсталирањето на апликациите.”
Слично на ова, Google најави и нов тип на YouTube формат за кампањи наречен TrueView for Action. TrueView ads-овите се оние реклами на сајтот со видеа за кои рекламерите плаќаат само доколку корисникот не ги прескокне по неколку секунди. Новиот формат им овозможува на сите кои се рекламираат, да креираат видео реклами преку опцијата ‘’calls to action’’ преку користење на опции за видеата како “Get a quote,” “Book now” или “Sign up.”
Ова ги прави овие реклами, реклами со директен одговор на пребарувањето, да не бидат само дел од механизмот за продажба на брендовите. Овој формат ќе се тестира до крајот на оваа година.
Како заклучок можеме да кажеме дека овие две нови развојни компоненти на рекламирањето на Google не само што обезбедуваат таргетирање на вистинските луѓе во вистинско време туку и таргетирање на специфични акции кои тие луѓе треба да ги превземат.