YouTube Player for Publishers, претставува видео решение развиено во партнерство со група на членови на медиумски организации во рамките на Digital News Initiative (DNI)’‘, денес изјави Google.
Новиот плеер има за цел да обезбеди ново подобро искуство на повеќе направи како на десктоп и преку мобилните апликации со што на ваквиот тип на агенции им обезбедува повеќе можности за заработка преку нивните видеа, реклами и содржини.
”Концептот за овој производ деривиран е од разговорите кои оваа компанија ги иницираше со DNI членовите во јуни 2015 година со основна цел –одбележување на предлогот да се креира видео кое ќе функционира подеднакво добро за сите во секторот на вестите’’, изјави Ben McOwen Wilson, директор за содржинско партнерство со YouTube, за Journalism.co.uk.
Развојот на производ е еден од трите нишки на кои се заоснова иницијативата и се фокусира во Европа паралелно со истражување, обуки и работата на DNI иновацискиот фонд.
Девет Европски новинарски куќи се здружија во рамките на пилот лансирањето на овој проект и седум од нив вклучувајќи го и Лондонски Guardian, El Mundo во Шпанија и ze.tt во Германија го тестираа овој плеер во последните неколку месеци.
“Она што кристално e јасно е дека постои голем апетит за видео од страна на провајдерите на вестите и новостите со цел да се раскаже некоја приказна, без разлика дали станува збор за видео во живо или видео кое ги нагласува одредени елементи на една приказна”.
“Во однос на прибирањето на материјалите за приказната самото видео е коплицирано и скапо за поголемиот број на вакви организации, па за таа цел вложен е голем труд и напори да се креира видео плеер кој е оптимизиран за користење било да станува збор за видео на сајтови или пак видео за поширока дистрибуција “.
Еден од аспектите на овој плеер цели кон поедноставување на конвертирањето на видео форматот во повеќе формати или големини во согласност со типот на платформата или направата на која се прикачува.
Оваа алатка има и опција за реклами која им овозможува на издавачите да го контролираат форматот на рекламите во согласност на потребата и на содржината истакната во нивните видеа. Ова означува дека видеата функционираат врз основа на истото решение за реклами кое издавачите го користат на преостанатиот дел од нивните страни односно може да им отстапуваат место за рекламирање на специфични адвертајзери во склоп на овој концепт.
Овој нов плеер инкорпорира во себе и опција наречена Content ID, која им овозможува на овие агенции да следат како мултимедијалниот материјал се користи на било кое друго место на Интернет и да добиваат средства за користењето на нивниот материјал доколку тоа нормално им е целта и замислата.
Reuters и AFP, активно ја користат оваа видео платформа.
Доколку издавачите сакаат да го користат овој плеер потребно е тоа да го направат преку пополнување на овој формулар со цел да обезбедат податоци како ќе го користат видео материјалот и видео рекламите.
Извор: journalism.co.uk