Жителите и бројните туристи кои вчераутро се шетаа низ Милано, ги дочека шок, кога на само неколку метри од катедралата Дуомо се појави горен дел од подморница која изгледаше како да штотуку испловила на плоштадот притоа оштетувајќи го плочникот и околните возила.
Веста се прошири набрзина на интернет и беше топ тема на неколку социјални мрежи….Што точно се случи во Милано?
По кратката нејаснотија меѓу локалците и на интернет, излезе дека утрото подморницата била монтирана таму како дел од маркетинг кампањата на италијанската осигурителна компанија Europ Assistance IT со која сакаше и си направи дополнителен публицитет.
Овој “перформанс“ е дел од кампањата “Заштити го твојот живот“
Целиот подвиг имаше и кореографија со пожарникари и брза помош, кои под полна опрема регираа на излегувањето на подморницата и се обидоа да помогнат во несреќата.
Погледнете го видеото: