Минатата недела агенцијата Grey New York ја ласираше сновата унифицирана кампања за компанијата Ally Financial, именувана како “Do It Right” – ”Направи го правилно”, што всушност се однесува на начинот на кој компанијата се однесува со своите клиенти: правилно.
Исто така нив во остварувањето на своите услуги не може да ги сопре ама баш ништо.
Химната зад кампањата “Ally Team Huddle” ни покажува колку далеку овие принципи ќе достигнат со мала помош на Motley Crue :)
Во наредниот рекламен спот “Swimming Pool,” на хумористичен начин како и во првиот спот грижата на вработените на Ally е прикажана по пат на неконвенционална реклама. Погледнете го видеото:
https://youtu.be/GSHNiKKXKyY?t=2
“Wishing Well” е спот кој ни ја покажува посветеноста на вработените во Ally – романтично зар не?
Кога станува збор за предизвик и тематиката зад овој спот ”места на кои дефинитивно не смеете да одите”, еден од вработените во Ally храбро се соочува со многу болни па и фатални ризици со цел да ја добие зделката.
Дали би ризикувале да качете во својот автомобил непознат патник како совозач?
Вработените на Alli тоа го прават без проблем…
Последниот спот од низата, “Go Spartans,” има малку поразлична приказна од останатите во низата меѓутоа има вистинска поента.
Печатениот рекламен материјал исто така во себе ја содржи таа некоја чудна природа зад концептот.
Дали ви изгледа примамливо да соработувате со нивните вработени?
Лансирањето на кампањата ги вклучува спотовите од кои половина веќе се емитувани, оваа кампања ќе вклучи и низа на печатени рекламни материјали оваа есен кои ќе се однесуваат на производите, вработените и клиентите на компанијата.
CMO-то Andrea Riley изјави:“Лансирањето на кампањата ‘Do It Right’ означува само уште една важна постигната фаза за Ally, затоа што ги вклучува сите услуги под една унифицирана бренд кампања со непрекинлив фокус на клиентите.”