SEO е игра која постјано ги менува правилата – затоа онлајн маркетерите се’ повеќе се потпираат на невромаркетингот за да привлечат нови потрошувачи.
Една панда и еден пингвин влегуваат во бар – и вашиот ранкинг при пребарување на Google паднал за неколку стотина места. :)
Ако не е насмеавте на ова погоре, тоа е затоа што тоа не е шега. Тоа е всушност многу сериозен проблем за многу Интернет маркетери, кои мораа комплетно да ги променат своите SEO тактики бидејќи Google направи неколку темелни промени.
Во изминатите неколку години, Google комплетно ги променија правилата на игра кога е во прашање SEO со серија на промени на својот алгоритам именувани како “Панда” и “Пингвин.” Поминаа деновите кога доволно беше да го наполните вашиот веб-сајт со нискоквалитетни статии со одлични клучни зборови или размена на спам линкови за да го зголемите својот Google ранкинг.
Денес, се’ е до квалитетот – содржини кои се автентични, информативни и најмногу од се’, атрактивни за вашата таргет публика. Накратко, треба да престанеме да размислуваме за “SEO” како за “search engine optimization”, туку повеќе како за “social engagement optimization,” како што изјави Грег Хендерсон од SEO Desk.
И, тука се поставува прашањето – како подобро да играте со ‘Панда’ и ‘Пингвин’ и да го претворите вашиот веб-сајт во поатрактивно ‘животноо’?
Невромаркетингот станува се’ попопуларен одговор. Ако не сте запознаени со него, невромаркетингот е наука која се базира врз фактот дека 95% од сите мисли, емоции и учење се случува пред да бидеме свесни за тоа, како што вели Роџер Дули, автор на Neuromarketing и Brainfluence. Тоа значи дека поголемиот број од нас всушност зборуваме само со 5% од мозокот на потенцијалниот потрошувач.
За среќа, научниците се во можност да го проучуваат видот на маркетингот кој зборови и со останатите 95% од нашите мозоци на правилниот начин, стои во еде извештај од ABC News. На пример, Campbell Soups ги проучуваа мозочните рекации кон различните аспекти на нивната маркетинг визуелизација – и тоа беше причина за промена на нивните иконични пакувања за супи за прв пат после повеќе децении, базирано врз резултатите на истражувањето.
Ако тоа е доволно добро за Campbell Soups, дале е тоа доволно добро за вас? Постојат неколку основни принципи на оваа наука кои можете да ги примените на вашиот веб-сајт – дизајнот и содржините – за да го подобрите вашиот “social engagement optimization.” Еве неколку совети од Кристоф Морин, “Генерален директор за болка” во SalesBrain, невромаркетинг агенција, кои беа пренесени и во New York Times:
Нека не биде се‘ само за вас
Морин верува дека ефективниот невромаркетинг се состои во тоа да се угоди на ‘болката’ на потрошувачот (оттаму произлегува и неовата невообичаена работна титула). Ова значи помалку да зборувате за тоа колку сте големи и добри и наместо тоа, повеќе да зборувате за тоа како ќе му помогнете на потенцијалниот купувач кој ќе го посети вашиот сајт.
Да не биде премногу долго
Нашите мозоци се постојано ‘бомбардирани’ со различни пораки секој ден – затоа тие реагираат подобро на питчови кои се кратки и убави. Кратки влијателни искази на вашата почетна страна може да завршат многу поголема работа отколку огромен ѕид со текст кој преобјаснува што сакате да кажете. Фокусирањето на брзи начини како да го објасните вашиот производ или услуга може да го променат животот на потрошувачот на подобро.
Гледањето е подобро од читање
Она што нашите очи го гледаат директно се поврзува со потсвесните делови на мозокот до кои маркетерите сакаат да допрат; тоа значи дека треба да ги направите вашите поенти (и вашиот веб-сајт дизајн) колку што е можно визуелно попривлечни. Фотографиите и сликите се одличен начин да продадете некој концепт брзо и директно на начин преку кој се задоволува мозокот. Исто така, изразите на лицето се одлични за употребување – нашите глави веднаш се идентификуваат со нив.
Имајте силен старт и голем финиш
Мозокот повеќе пази како почнувате и како завршувате отколку што велите на средината, затоа вие треба да бидете сигурни дека вашиот веб-сајт (и вашите содржини) имаат ‘отворање’ и ‘затворање’ кои предизвикуваат внимание и навистина го пренесуваат вашиот случај на драматичен начин.
Бидете едноставни
Ако сте премногу паметни или апстрактни, нашите мозоци ќе сакаат да продолжат понатаму (овен ако не е нешто што навистина сакаме да го разбереме, што не е чест случај кога е во прашање маркетингот). Осигурајте се дека вашите содржини се пишувани јасно со јазик кој секој може да го разбере (освен ако не услужувате стручна публика која очекува потехнички и пософистициран јазик).
Внесете емоции
Емоциите го погодуваат нашиот ‘underground’ интелект со повеќе сила отколку најдобро кажаниот со зборови аргумент. Тие ја прават пораката, која и да е таа, да биде и помеморабилна. Одете подалеку од факти за да ги направите вашите потрошувачи да ‘чувствуваат’.
Повеќете од кажаните поенти погоре само ги потврдуваат маркетиншките совети кои ги даваа експерите и маркетинг консултатните низ годините – но, невромаркетингот демонстрираше дека постои вистинска научна валидност на овие предлози. Како што алгоритмите на Google стануваат пософистицирани, нашиот веб-сајт маркетинг исто така треба да станува пософистициран (а поедноставен според навромаркетиншките упатства).
Но, постои и голема придобивка од сето ова. Преку работењето кон подобри можности за социјална интеракција со нашите посетители на веб-сајтовите, наместо вештачко зголемување на сообраќајот, ние ги зголемуваме нашите шанси за создавање на реални конверзации, купувања, и долгогодишни клиенти. А тоа е дефинитивно вин-вин во ова Панда-Пингвин време.