Првиот мирис кој произлегува од свежо отворена кутија на Apple е искуство кое на кое многумина од нас се радуваат.
Но дали може да се креира формула која може да го долови тој мирис?
Andrew Green си дал за цел оваа мисија за доловување на овој мирис кога добил идеа да креира мирисна свеќа која го доловува мирисот на Mac како дел од промотивните активности за компанијата Twelve South, фирма подржуница на Apple која ја основал во South Carolina.
Она за што не бил свесен во моментот кога ја добил идеата било тоа што оваа идеа ќе вроди стотици потенцијални комбинации на ароми кои ќе се обидат да го доловат искуството на првото отворање на Apple производ и негово трансформирање во мирис кој не само што ќе биде ист со искуството но и ќе ви обезбеди да го доживувате ова искуство во рамките на вашата канцеларија или дом.
“Од секогаш сме посакувале внимателно избрани корпоративни производи за рекламирање, а едно од тие луди идеи кои ги имав пред неколку месеци е свеќа која мириса на првото искуство при отворањето на кутија со Mac производ”- изјави Green
Го раширивме гласот за креирањето на овој уникатен производ кој се рашири наоколу и стотиците на свеќи креирани од Twelve South веќе се продадоа. Оваа успешна продажба во рекордно време го инспирираше иноваторот да креира нови идеи за продажба на овој тип на производ а една од нив е да се продава како подарок за празниците на љубителите на Mac”.
Доловувањето на искуството на отворање на кутија со Macbook или iPhone не е и толку едноставна задача.
Green првично започнал соработка со компанијата од Candlefish, при креирањето на мирисот.
Дали знаете како мириса новоотворената кутија на Мас?
Потрагата по одговорот на ова прашање Green ја започнал со истражување направено со љубителите на брендот Mac во однос на тоа дали мирисот поврзан со искуството на отворањето на новиот производ го асоцираат со некаков мирис,во однос на ова прашање поголемиот број од фановите на производите се изјасниле дека го помирисале производот за време на првиот контакт.
“Кога еднаш си признаеме дека сме го направиле тоа, тогаш постојат и други луѓе кои тоа го прават како и нас. Сметам дека секој се чувствува комфорно да го доживее првиот мирис на новиот автомобил на пример, но дали постои нов мирис кој асоцира на Мас?”
Како и мирисот на новите обувки, Green се изјасни дека препознатливиот мирис на новоотворениот производ често не асоцира на нешта како лепило или пак нова пластика, но затоа пак крајната сатисфакција од тој мирис е сепак пријатна. Тој упорно работел на пронаоѓање на ароматична формула која ќе го долови овој мирис на пластика и алуминиум без да креира нешто што ќе биде безживотно и бесмислено.
“Морате да донесете одлука при креирањето на мирис да креирате таков кој ќе донесе пријатно чувство во вашата околина. Оваа идеа пред се е забавна но затоа пак има за цел да креира мирис на нешто ново кое сите ние го посакуваме во нашиот дом.”
Креиран од восок од соја, овој финален производ со себе понесува арома на мента,праска, босилек, лаванда,мандарина…
Twelve South и Candlefish од лансирањето работат напорно да ги достигнат барањата кои неочекувано постојано се зголемуваат и да го достигнат квалитетот кој првенствено е замислен за производот.
Оваа идеа подлабоко навлегува во корисничкото искуство и е потсетник дека креативното размислување може да достигне високи инстанци.
“Нешто што започнало како шега во Mac лесно беше претворено во производ” изјави Green, кој е среќен што успеа да прикажува дел од своите невообичаени креации доколку постои побарувачка за овој несекојдневен аксесоар. “Не можам да замислам подобар подарок за празниците наменет за љубителите на Мас, оваа идеа ја развивам затоа ќе креираме уште нови идеи .“