Сезоната на правење ајвар е во полн ек. На пазарот има разни видови на пиперки и секој продавач со сите свои сили и досетки го продава својот производ. Но, тактиките на директниот маркетинг не можат да се доловат доволно автентично тука па затоа Ве поканувам да отидете на пазар во својот град и да научите некои од финтите за директна продажба. Не се учи се од учебник.
Кога сме веќе кај учебниците (ако се понови), таму ја впишува брзината на реагирање на брендовите на социјалните медиуми кон случувањата во општеството. Секако, сезона на правење ајвар е, па ајде да се вклучиме во играта наречена flow with the crowd. Запознајте го начинот на кој што Coca Cola го направи тоа.
Текст: “Отвори Coca-Cola за радост и тегла ајвар за мерак! Koj од вас веќе ја испроба оваа комбинација?”
Слика:
Кампањата е превземена од официјалната Facebook страна на Coca Cola, со прилагоден дел за Македонија.
Коментарите се различни, но според бројот на like на нив, горната комбинација не е омилена. Дали Coca Cola успеа во намерата?