New Europe Market (NEM), најпосетената конференција која ги собира професионалците од медиумската индустрија, по петти пат ќе се оддржи од 12 до 15 јуни 2017 година, во хотелот Дубровник Палас.
После успешното четврто издание, NEM продолжува да расте и да ги претставува новите бизнис можности за своите учесници. Во хотелот Дубровник Палас по петти пат ќе се соберат водечките стручњаци од областа на телевизијата, менаџери и раководни луѓе на медиумските компании, оператори од целиот регион, продуценти и актерски ѕвезди.
NEM 2016 беше одбележан со десет тематски панели, две специјални презентации од дијамнатскиот спонзор Eutelsat и иновативниот Infobip, главната презентација оддржана од еден од најреспектираните струњаци во индустријата Christoph Mainusch, ексклузивното интервју со творците на еден од најпрестижните документарци во регионот Houston, We Have a Problem, фантастичните прилики за воспоставување на контакти под покровителство на Eutelsat, VIACOM, Temma-X, како и забавите во организација на FOX, Viasat и VICE. На настанот присуствуваа повеќе од 350 компании кои го препознаа NEM како единствено место за создавање на нови бизнис пријателства, договарање на соработки и инспирација за нови идеи преку разговор и нетворкинг со колегите од индустријата.
Бидете дел од NEM и во 2017 година и прославете ја јубилерната петта година! Ако се пријавите меѓу првите, гарантирана Ви е најдобра цена за набавка на NEM пакетот кој вклучува акредитација, 3 ноќевања и трансфер од и до аеродромот.
Повеќе информации на http://neweumarket.com/