Поминаа речиси 15 години откако BMW Films и Fallon го лансираа “The Hire,” серијал од 8 оригинални кратки филмови кои го дефинираа светот на забавата на бредот со помошна славни личности и врвни продуценти.
Во посвета на овој серијал брендот лансира нов спот наименуван како ‘’Бегството’’- “The Escape.”
Во спотот, Clive Owen е повторно во улога на мистериозниот возач. Овој пат придружен од ѕвезди како Dakota Fanning, Jon Bernthal и Vera Farmiga. Продуцентот Neill Blomkamp, од District 9 и Elysium, ја има продуцентската палка зад завесите
https://www.youtube.com/watch?v=jzUFCQ-P1Zg
‘’Поминува доста долго време во мистериозниот универзум, Owen, сега е повозрасен и поискусен Bond’’. Спотот се одвива во временска рамка помала од 11 минути , филмот е полн со акција и заплетот користи референци за кои не е потребно дополнително објаснување.
Приказната опишува ера каде клонирањето е во својот ек. Молекуларната генетика покрева многу контраверзии, а илегалното човечко клонирање е тематиката со која започнува и самиот филм. Д-р Nora Phillips исчезнува по раширените контраверзии за човечки клонови во лабараторијата за молекуларната генетика Mulgent. Специјалните агенти ја опколуваат лабараторијата, а Owens со својот автомобил има една единствена цел: да го пренесе примерокот од лабараторијата (Fanning) на безбедно тло и притоа да ги избегне вооружените агенти на FBI во ”вжештената трка” со цел да ја оствари својата мисија.
Трката во фимот потсетува на акцијата во филмот Fast & Furious а во исто време не остава премногу на имагинацијата.
Секој момент е вреден да се погледне, брзината и неизвесноста се возбудливи и адреналински а Owens преносот на примерокот го превзема во свои раце.
Автомобилот се чини дека успева да ги премине сите препреки, акцијата е континуирана до самиот крај на филмот а звукот на моторот на брзото BMW изгледа како оној на мачка која ”преде” иако брзината на движење се чини дека е неверојатно голема,
Како и што кажува и Owen во самиот филм , “можеби сум остарел, но го правам ова доволно долго.” Можеби спотот нема да ги доживее 100 милионските прегледи на Youtube што беше и случајот на серијалот “The Hire” кој беше доста гледан на времето, но одличниот спот е само потсетување колку добро изгледа резултатот на продукцијата и Owen повторно зад возачкото седиште.