Во рамките на BIZNIS модулот од едукативната програма AcademIAA, Марија Стошиќ, Senior Creative Planner на агенцијата McCann Белград, одржа предавање под назив “Ти раскажувам приказна“ со подршка на специјалниот гостин, Павле Желиќ, кој на јавноста и` е познат како писател, автор на стрипови, приредувач на збирки и филмски критичар.
Во сржта на комуникацијата на секој бренд се наоѓа поврзана приказна, а токму квалитетниот storytelling е една од клучните дистинкции помеѓу брендовите на пазарот. Со жалба на младите теаленти им го приближи креативниот пристап во обликувањето на брендовите, Марија објаснува зошто на предавањето за адвертајзинг довела вистински, жив писател:
- Затоа што storytelling е – раскажување, а кој подобро го разбира раскажувањето од писателите
- Затое што нашиот storytelling од струката, не е приказна за брендот, туку за човекот
- Затоа што човекот е тој кој болува, страда, се радува. Додека брендот решава, зголемува, учествува
- Затоа што помина времето кога брендот можеше да раскажува приказни за себе, за својата цена и обезбеден квалитет
- Затоа што е важно да го разбереме тој човек, кој е протагонист, кој (не) е вреќа коски, како од перото на Стивен Кинг
- Затоа што е важно да разбереме дека МОРА да постојат антагонисти и дека МОРА да постои конфликт, тензија, за приказната да биде добра
- Затоа што само писателот може точно да ни каже што значи развојниот лик на протагонистите, па сите ние стануваме побогати за начинот на кој ја разбираме приказната која ја раскажуваме преку својата работа
- Затоа што раскажувањето се менува низ времето, од приказна за првиот оган, до денешното, трансмедијално раскажување една, но не и иста приказна, преку мноштво на канали!
- Затоа што технологиите коишто одамна не се нови ни овозможуваат можност да раскажуваме подобро од било кога
- Затоа што монологот стана дијалог
- Затоа што Chuck Palahniuk беше во право кога напиша You are not your job!
- Затоа што сите ние сме подобри во својата работа кога ги живееме нашите животи – кога ќе се сетиме дека уметноста на раскажувањето е во скршеното колено на кошарка, истурените пуканки во кино, на финалето UEFA Лига на шампиони 2005, во романот, книгата проза или поезија.