Речиси половина од целокупното рекламирање на Интернет во САД е мобилно, со вкупни приходи од онлајн медиуми кои достигнале до $ 32.7bn во првата половина на 2016 година, според најновите податоци од IAB.
Извештајот на PwC од 1 ноември наведува дека оваа е највисока бројка досега, која расте речиси 19% повеќе од истиот период од минатата година, со мобилни рекламирања во центарот на овој значаен раст. Трошоците на медиумот се зголемија 89% во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи $ 15.5bn во првата половина на годината, каде мобилното рекламирање допренесува за 47% од сите приходи од онлајн рекламирањето во САД.
Во извештајот, спроведен од страна на PwC утврдено е дека во рамките на мобилното рекламирање вкупното пребарување и видео содржините добиле троцифрен раст за време на тој период. На овие податоци се надоврзи извршниот директор на IAB – Randall Rothenberg кој истакна дека шемите на трошење ги рефлектираат поврзаните животи на потрошувачите.
‘’Потрошувачкиот апетит кој ужива во медиумите (особено во видео содржините и социјалните медиуми) на паметни телефони и таблети им овозможува на компаниите можност да се поврзат и да креираат интеракција со своите потрошувачи додека тие се во постојано движење во својата лична средина’’- се надоврза David Doty, директор за маркетинг на IAB.
Споредбата со претходните извештаи покажува дека 19% од целокупниот раст на приходите е рамен во однос на истиот период – минатата година, со дополнителни статистички податоци кои укажуваат дека адвертајзерите и сопственици на медиуми сè повеќе се одлучуваат за модели модели на вреднување врз основа на впечатоци.

Ова се најважните статистички податоци добиени од ситражувањето на IAB за шемите на трошење во првата половина на 2016:
-Приходите од мобилни видеа пораснале за 178% годишно за да достигнат до $1.6bn
-Мобилното пребарување забележало пораст 105% годишно за да достигне $7.4bn
-Вкупните приходи од дигитални видеа бележат раст од 51% годишно за да достигнат $3.9bn
-Вкупните пребарувања имаат раст од 19% и годишно ќе достигнат $16.3bn
-Приходите од социјалните медиуми пораснале за 57% и ќе достигнат $7bn

Извор: thedrum.com