Жито Лукс како најголем производител на леб и брашно во Македонија, веќе навлезе и во сегментот на кондиторство со десет различни вкусови на бисквити кои се БАШ ПОГОДЕНИ.
Новата ТВ реклама на Жито Лукс која се појави на повеќе национални телевизии, веќе предизвикува многу позитивни реакции. Концепциски и продукциски рекламата е реализирана од маркетинг агенцијата Division, како дел од интегрирана кампања за новите Жито Лукс бисквити.
Приказната во ТВ рекламата е динамична и прикажува позитивни моменти од секојдневието на поширока целна публика, на тој начин претставувајќи ги и бисквитите како производ допадлив за секого.
“Концептот е инспириран од нашите реакции во моментот кога нешто ќе ни се погоди, она кога игнорираме каде и со кого се наоѓаме и се препуштаме на чувството на задоволство и среќа. “Она чувство кога нешто ќе ти се погоди…” е една платформа на комуникација во која може да се вкучи секој со своја приказна. – велат од Division за Маркетинг365 и надополнуваат:
Во нашата продукција работевме со бројна екипа на врвни домашни автори и соработници. Рекламата е снимена на повеќе локации низ Скопје, со обемен кастинг и интересна атмосфера зад камерите. Снимањето на сцените беше баш погодено и забавно!
Оваа реклама ни е особено драга и веруваме дека ќе ја оствари својата цел, доближување на бисквитите на Жито Лукс до потрошувачите. Освен на ТВ, приказната се развива и online каде дигиталната маркетинг агенција од нашата групација Brand Union, успешно го продолжува и креира поширокиот контекст на нашиот концепт.”
Погледнете фотографии од снимањето тука, а во продолжение погледнете ја и ТВ рекламата.