Во рамките на истражувачкиот модул на едукативната програма AcademIAA, идните лидери во областа на комуникациите имаат прилика да се запознаат со вредноста и предизвиците на современата истражувачка пракса, нејзината функционалност и можности.
Катарина Прибачевиќ, директор за стратешко планирање во агенцијата McCann Белград, одржа работилница под назив “Креативна употреба на податоците”.
“Имав идеја да се позанимавам со легендите и честите стереотипи во областа на истражувањето, преиспитување на истите и откривање на некои нови можности кои може да ни ги овозможи поседувањето на податоците”, изјави Катарина и истакна неколку вкоренети стереотипи, кои ги претстави на посетителите на AcademIAA програмата.
ЛЕГЕНДА 1
“Функцијата на истражувањето во креативната агенција”
ВИСТИНА: Денес пред себе веќе немаме дводимензионална слика на личностите на кои им се обраќаме, туку комплетни човечки суштества кои живеат живот во најголем дел, надвор од светот на нашиот Бренд, а внатре во своите заедници (пријатели, колеги, комшии, клубот за кој навиваат, кафе баровите во кои излегуваат итн.). Ние не им се обраќаме нив, туку настојуваме да се поврземе со нив.
Во тој контекст, нестандардните, квалитативни и посебно креирани истражувачки студии претставуваат исклучително добар инструмент и голема помош за креативата, која настојува да најде одговор на прашањето “Kој е навистина тој човек? Дали познавам некој таков?…“
ЛЕГЕНДА 2
„ПОДАТОЦИТЕ И КРЕАТИВНОСТ НА ОДАТ ЗАЕДНО“ или „Податоците ја уништуваат магијата на креативата “
ВИСТИНА: Денес постојат толку многу примери кои зборуваат за токму спротивното, а некои од нив можеме да ги пронајдеме дури и меѓу најнаградуваните кампањи и овогодинешните Кански победници, каде што податоците беа токму она што допринело за креирањето на магијата.
ЛЕГЕНДА 3
“КОМПАНИИТЕ ДЕНЕС РАСПОЛАГААТ СО ОГРОМНА КОЛИЧИНА НА ПОДАТОЦИ КОИ НЕМААТ НИКАКВА ВРЕДНОСТ”
ВИСТИНА: Прашањето не е ‘имаме ли податоци’, туку Што со нив НИЕ можеме да направиме?’ Некогаш податоците се досадна водилка или поддршка на деловните одлуки, а понекогаш средство да соопштите нешто или дури многу конкретно, некого да ангажирате.
Ваквата вредност на истражувачките и другите податоци се разгледува и денес, а посебно ги инспирира проектите кои сега имаат своја категорија на фестивалот во Кан. Еден од најсериозните проекти оваа година, кој може да послужи како инспирација и на агенциите и на клиентите е примерот кој доаѓа од Еквадор и нивниот Завод за статистика.