Одличната идеа на Ikea за претставување на реалноста на Сириската криза и домовите на нејзините граѓани е претставена во рамките на нивниот продажен салон во средината на целиот тој комфор кој истата го пружа.
Секој од нас веќе знае или погледнал на Интернет како изгледа типична продавница на Ikea, но една од собите за презентирање, во салонот во Slependen , Норвешка има неочекуван изглед – таа е реплика на реален Сириски дом од 24 квадратни метри од бетонски ѕидови од блокови и оскуден мебел. Етикетите со цени и постерите во овој простор ја прикажуваат приказната за типичното Сириско семејство, дури и пренесуваат доживување за недостатокот од храна, лекови и чиста вода.
Самите етикети кои служат како поттик за донација се дел од идеата на POL во соработка со Црвениот Крст.
Домот е реплика на реален дом во Дамаск како и што објаснува подолу и самото видео.
‘’Со посетата на Rana и нејзиното семејство и начинот на кој тие преживуваат надвор од Дамаск, сакавме да го изградиме повторно нивниот дом што поверодостојно колку што можевме’’ креативниот директор на POL, Snorre Martinsen изјави за AdFreak. “Поедноставно ќе беше да искористевме тапети, но чувството не би било исто. Луѓето кои преживуваат војна ни кажаа дека тоа е начинот на кој се чувствуваат’’
Инсталацијата се прикажуваше од 17-31 октомври, а ја видеа и повеќе од 40,000 посетители неделно. Кампањата генерираше донации од 22 милиони евра за активностите на Црвениот Крст во Сирија.
“Веќе имавме слика за тоа што се случува во рамките на Сирија, но без разлика колку и емоционално тоа и да ни изгледа , ништо не може да се изедначи со искуството на посет на луѓе кои се наоѓаат во воената зона’’ – изјави Martinsen.
“Сакавме на Норвежаните да им го споделиме тоа искуство. Со поставувањето на исталација на Сириски дом веднаш до Сакандинавските домови, беше доста смел чекор за нас, но ова е појасен пристап од било која друга ТВ реклама за тоа колку е важно и неопходно да се донира и да се помогне во Сирија”.