‘’Совршениот подарок зависи од оној кој го добива подарокот’’.
eBay игра паметно кога станува збор за новата кампања посветена на оваа сезона на празници.
30-секунди долгиот спот наречен “The Giver,” се фокусира на персонализираните предмети достапни во рамките на онлајн продавниците на платформата. “Ова е тоа,” започнува гласот во позадина.
Секој добива персонализиран предмет од еBay било да е тоа предмет од омилениот филм, предмет кој поттикнува авантура, часовникот кој таа толку долго го посакувала, барбиката која толку многу ќе ја израдува…
“Среќата се состои од различни нешта за различни луѓе,”.”Подарокот кој тие го очекуваат ве чека на eBay,” “Вака изгледа среќата” …
https://www.youtube.com/watch?v=RXE1ybx532M
Pereira & O’Dell се креатори на кампањата која се лансираше пред само неколку часа. Ова е првата национална кампања на eBay посветена на празниците во последните две години.
“Иако шопингот за време на празниците се зголемува, мисловноста зад подарувањето е намалена “, вели P.J.Pereira, ко-основач и главен креативен директор на агенцијата. “Празниците се за поминување на квалитетно време со семејството и пријателите, и подароците кои ги разменуваме треба да ги одразуваат овие специјални односи. еBay е уникатно позиционирана за да им помогне на луѓето да најдат совршен подарок за саканите, а новата кампања се однесува токму на оваа идеја. ”
Се работи за јасна порака која брендот сака да ја пренесе и притоа да го зголеми бројот на свои потрошувачи за време на оваа сезона, но во исто време е и стратегија која има за цел да ја спречи фрустрацијата кај купувачите при пронаоѓањето на зделки за подароците кои тие сакаат да ги купат и притоа има за цел да посочува што нуди еден продавач со цел да се избегне од класичната шема на понуда на ‘’подароци на сезоната’’и креирање на персонализиран пристап кон подарувањето.
Но, дали навистина eBay е на вистинското место за да купувате за празниците, и дали е подобро прилагоден за пронаоѓање на зделките кои ви се потребни наместо да нуди нешта кои не ви се потребни , останува да се види…