“Агенциите во иднината“ продолжува да биде една од најинтересните теми околу кои континуирано се крева “прашина” во медиумскиот простор.
Многумина веруваат и ги предвидуваат згаснувањата на агенциите како што денеска ги познаваме, укажувајќи на нештата како проблемите со транспарентноста на цената на медиумите, движењето кон превземањто на медиумите од страна на брендовите во рамките на самите компании и натпреварот на технолошките платформи и консултантските џинови како Deloitte и Accenture. Сепак, постојат причини да се биде оптимист во врска со иднината на Агенцијата исто така: агенциите и понатаму продолжуваат да се развиваат и растат, нивната тежина на медиумскиот простор ги прави вреден сојузник за секој бренд.
Во рамките на New Video Frontiers се собраа врвните директори од водечките агенции и групи (како Puplicis и Havas), независнaта технолошки управувана агенција (Infectious Media) и клиентот- брендот Huawei, заеднички да истражуваат како би изгледала Агенцијата на иднината.