Време е да започнете да размислувате за Вашиот годишен маркетинг план за 2017 година!
Веќе сме на речиси половина пат низ Q4 во поглед на продажбата па веќе е време да започнете да размислувате и за таргетите за следната година (доколку веќе не сте започнале) и да ги правите своите идни стратегии.
Со цел да креирате сеопфатен план за маркетинг, постојат одредени детали кои треба да бидат земени во предвид. Денес ви претставуваме краток преглед на анализи и компоненти кои потребно е да се земат во предвид при креирањето на основата на вашата идна маркетинг стратегија.
Таргетирање на вашите целни клиенти
Веројатно веќе добро знаете кои се вашите целни клиенти па нивното соодветно таргетирање ќе ви помогне при дефинирање на крајниот потрошувач кога станува збор за креирањето на вашиот маркетинг план. Кога ја дефинирате “личноста“ на вашиот клиент веќе одите подалеку од општите демографски описи во детални описи, кои можат да бидат корисни во идентификување на можностите кои ќе ви озвоможат полесно да стигнете до сите потрошувачи кои ја сочинуваат вашата целна публика.
На пример, размислете дали можете да ги таргетирате средовечните мајки на различен начин од оној на кој ги таргетирате на пример младите жени со статус на “слободни жени“. Во основа нивните приоритети се различни, што секако влијае на обликувањето на пораките кои се обидувате да ги пренесете до нив. Нешто по што овој сегмент може да се разликува е и начинот на кој ги користат социјалните медиуми и нивните навики за пребарување, па затоа размислете за пораките кои ќе ги пренесете до нив, изгледот на рекламите кои ќе ги таргетирате до нив и секако внимавајте на поставеноста на рекламите.
Циклус на продажба
Несомнено, веќе добро го познавате циклусот на продажба. Додека ја планирате вашата маркетинг стратегија, не заборавајте на различните чекори во циклусот и начините на кои планирате да го олесните движењето низ продажната инка.
Работи што треба да се земат предвид:
- Како може да се доведе до дополнителен сообраќај во процесот на пониските нивоа на продажната инка?
- Колку време им е потребно на потрошувачите да се движат низ циклусот?
- Каде настанува напуштање на инката од страна на потрошувачите?
- Како може да негуваат врските во рамките на самата инка?
- Како ќе се движите до самиот врв на продажната инка?
Анализа на перформансите и анализа на јазот
Постојат голем број на лекции кои можат да се научат преку анализата на историски перформанси. Доколку погледнете и ги искористите овие сознанија истите ќе ви помогнат да се движите напред. Што функционирало? Што не функционирало?
Многу е корисно да го претставите својот перформанс до самите детали, затоа што на тој начин ќе имате рамка врз која ќе започнете да си задавате цели.
Направете забелешки на било какви прашања за следливост или ограничувања на целите, доколку е применливо.
Проценете го својот перформанс, дали тој бил лош, добар или едноставно само во ред. Идентификувањете на вашите предности и слабости ќе ви овозможи при откривањето на нови можности.
Исто така, имајте на ум дали постојат/непостојат надворешни фактори кои имаат позитивно или негативно влијание врз историските резултати.
Конкуренција
Доколку ја анализирате својата конкуренција можете да откриете нови можности. Многу е важно да имате непристрасно разбирање за предностите и слабостите.
Од аспект на прозивод и од аспект на маркетингот поставете си ги следните прашања:
- Што вашата конкуренција прави, што вие веќе не правите?
- Што вашата конкуренција прави поинаку?
- Што реалистично гледано вашата конкуренција прави подобро ?
- Што вие правите подобро за разлика од вашата конкуренција?
- Како вашата конкуренција ја пренесува вредноста на својата порака?
- Како се разликува вашата понуда од останатите на пазарот?
Цели
Без постоење на цели неможе да постои и стратегија. Пред да ги дефинирате своите цели за дигитален маркетинг, потребно е да ги разберете целите на бизнисот и улогата која дигиталниот маркетинг ја има при постигнувањето на тие цели. . Од оваа појдовна точка можете да креирате поспецифични цели кои се структуирани во склоп на стратегијата за дигитален маркетинг.
Гореспоменатите сегменти (целните клиенти, ефикасноста, анализата на јазот и конкурентите) потребно е да ви помогнат при дефинирањето на вашите цели. Се што е наведено во останатите делови од стратегијата треба да се утврди со цел остварување на целите кои се наведени во овој дел.
За да се измерат перформансите на стратегијта и да се обезбеди поголема јасност во делот на тактичките елементи, целите треба да бидат конкретни и мерливи. Доколку промовирате повеќе производи, потребно е да имате посебни цели за секој производ.
Целите треба да се вградат во профитабилноста. Кога станува збор за е-трговија, ова често се смета дека е доволно лесно. Потребно е да се разберaт вредностите како ROAS (враќањето на трошоците за реклами ) и ROI (враќање на инвестицијата) .
Мерливост
Мерењето е еден од оние стратешки елементи кои често се земаат ‘’ здраво за готово’’. Доколку не умеете да одговорите на прашањето “Како ќе ги мериме нашите цели?” со еден одговор, тогаш потребно е да се работи дополнително.
Потребно е да го следите својот перформанс со помош на повеќе платформи (Пр: Bing и Google Analytics), но често споредување на перформансите на различни платформи не е идеално во реално време.
Поради постоењето на разлики во начинините на кој медиумите и платформите за анализа ги следат посетителите и целите, креирањето на резиме за ефикасноста со резултатите од повеќе платформи ќе креира несоодветен микс. Мерливоста има тенденција да води кон двојни конверзии на повеќе платформи кои контрибуираат за да се добијат резултати од секоја платформа, за разлика од моделот на атрибуција кој ги генерира заеднички сите резултати од различните платформи .
Перформанси на уредите
Од особена важност е да се разбере влијанието што секој уред го има одиграно во историскиот успех. Кога веќе го креиравте вашиот годишен план и цели, потребно е да ја утврдите улогата на секој уред во постигнување на тие цели.
Кога ќе ги разглобите целите до ниво уред може да креирате тактики кои ќе бидат специфични за секој уред и истите ќе дадат одговор за постигнувањето на ниво на своите индивидуални перформанси,
Оптимизација на страницата и оптимизација на конверзијата
Без разлика колку биле високи вашите перформанси во изминатите години, потребно е да се води внимание на оптимизацијата и конверзијата во рамките на вашата страница.
Промоции
Дали вашата компанија или клиент ќе нуди промоции? На што ќе се однесуваат тие промоции? Кои се целите на индивидуалните промоции?
Промотивните активности голем дел од компаниите не ги обележуваат во својот календар однапред, иако оваа стратегија не може да е идеална сепак мора да се потрудите да креирате барем рамка на овие промотивни активности. Кога промотивните активности не се испланирани претходно шансите дека ќе произлезат со успешни резултати се мали.
Канали и тактики
Ова е еден од најважните делови на маркетинг планот. Анализирајте ги и земете ги во предвид каналите кои ќе ја пренесат вашата порака на најдобар можен начин придонесувајќи кон генерирањето на позитивни резулатите секако во насока на остварување на зацртаните цели.
Кога правите рамка за каналите имајте ги во предвид факторите како циклусот на продажба. Кои цели е потребно секој еден канал да ги постигне? Која улога одредениот канал ќе ја има со цел унапредување на циклусот на продажба? Кои тактики ќе бидат применети во рамките на каналите со цел зголемување на продажбата?
Потребно е да имате разбирање за функцијата на секој од каналите без разлика дали се работи за offline или online канал. Како овие два типа на канали во заедничката работа ќе ги поддржат вашите бизнис цели?
Временска рамка
Со цел да го имплементирате својот план потребно е да имате една основна и флексибилна рамка во која можете да извршите мобилизирање на стратегијата. Временската рамка ви помага подобро да ја визуелизирате тактичката имплементација која ќе ви озбезбеди прилагодување на временската рамка во слад на проектираните резулатити и цели.
Ресурси
Идентификувајте ги ресурсите кои ќе ви бидат потребни во насока на остварување на зацртаниот план. Дефинирањето на одговорности ќе ви помогне во креирањето на подобра имплементација.
Дефинирајте кој ќе биде одговорен за кој дел од планот и како ќе биде измерена секоја индивидуална компонента.
Ревизија и адаптација
Неизбежно е некои работи да не се одвиваат во насока на планираното, но тоа сосема е во ред. Целта на маркетинг планот е да генерира една рамка која ќе се надоградува и ќе се движи по одредена траекторија во насока на остварување на поставените генерални цели. Често правете ревизија на стратегијата, погледнете ги резултатите и споредете ги со проектираните резултати, направете прилагодувања на тактичките елементи и направете ги неопходните надополнувања на планот.